Намдрик
Намдрик или Наморик (маршалски: Nam̧dik[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од две островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и сочинува една од општините во државата. Атолот има вкупна површина од 2.8 км2 и лагуна од 8.4 км2. Според податоците од 1998 година, на атолот живееле 814 жители. Намдрик се наоѓа 145 км југозападно од Џалуит и 117 км северозападно од Ебон. Поголемото островче на атолот го носи името Намдрик и двете островчиња се поврзани со корален гребен.
Сателитска снимка на атолот | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 05°37′00″N 168°07′00″E / 5.61667° СГШ; 168.11667° ИГД |
Архипелаг | Ралички Острови |
Вкупно острови | 2 |
Површина | 2,8 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 814 (1998) |
Етнички групи | Маршалци |
Историја
уредиГерманија во 1884 тврдела дека Наморик е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.