Надежда Муравјева

Надежда Константинова Муравјева (р. 30 јуни 1980 во Братск) — руска ракометарка, една од најпознатите активни женски играчи на овој спорт во светот.

Надежда Муравјева

Кариера

уреди

Како мало девојче се занимавала со гимнастика. Ракомет започнала да тренира на 13 годишнна возраст, во еден од најпознатите руски клубови Аква Волоград каде што тренер и бил Владимир Федорович Чивиков. За екипата на Аква Волгоград настапувала од 1996 до 2002 година. Потоа заминала во новоформираниот (во тоа време клуб) Лада Тољјати, каде што настапува до ден денес.

  • 1998 - освоила бронзен медал на Јуниорското Првенство во Словачка;
  • 1998 - бронзен медал за освојување на третото место во руското првенство;
  • 2000 - бронзен медал на Европското првенство во Романија;
  • 2001 - светски шампион со Репрезентацијата на Русија;
  • 1999, 2000, 2001, 2002 - го освоила руското првенство со екипата на Аква, додека пак во 2003, 2004, 2005 со екипата на Лада Тољјати;
  • 2007 - го постигнува најголемиот клупски успех, односно игра во финалето на лигата на шампионките;
  • 2007 - светски шампион по вторпат.

Носител е на титулата „Мајстор на спортот“ (што ја добила за одлично прикажаните игри во 2001 година).