Надворешно памтење
Со цел да се зачуваат податоците откако личниот сметач р ќе се исклучи од напојување, се користат надворешни памтења на кои се запишуваат во логички целини наречени датотеки. Секоја податотека има единствено име. Податотеките можат да се запишуваат на надворешните памтења по потреба да се повикуваат (вчитуваат) во RAM-памтењето на сметачот.
Каква било да е надворешното памтење, таа се сместува во посебни единици за читање и запишување.
Најчести надворешни памтења се: магнетна дискета (анг. floppy disk, diskette), тврд магнетен диск (анг. hard disk), компактен диск (анг. Compact Disk, CD), дигитален видеодиск (анг. Digital Video Disk, DVD), магнетно-оптички диск, магнетна лента, флеш памтења (анг. flash drive, USB) и во најново време BlueRay диск и високогустински дигитален видеодиск (HD DVD).
Основните одлики на надворешните памтења се:
Капацитетот на надворешните памтења (исто како и на внатрешното памтење) претставува големина на памтењето изразено во килобајти - KB, мегабајти – MB и гигабајти - GB.
Просечното време на пристап до податоците е времето потребно да се најде бараниот податок и да се пренесе во внатрешното памтење. Тоа време се изразува во милисекунди.
Начинот на пристап до податоците на надворешните памтења може да биде директен (магнетни дискови и дискети) или секвенцијален (магнетни ленти, компакт дискови, оптички дискови). Памтењата се поделени на памтечки целини и секоја има единствена адреса. Кај памтењата со директен пристап, механизмот на единицата овозможува директен пристап до секоја памтечка целина. Кај памтењата со секвенцијален пристап до податоците се доаѓа со минување низ сите памтечки целини до местото каде што се наоѓаат бараните податоци, бидејќи памтечките целини се наоѓаат на континуирани патеки.