Надвлекувач – посебен вид на фломастер кој се користи за да го привлече вниманието на делови од текст со нивно обележување со живописни, проѕирни бои. Типичен надвлекувач е жолто-флуоресцентен, обоен со пиранин.

Надвлекувачи во разни бои

Историја

уреди

Надвлекувачот е средство за пишување со филцен врв, наполнето со проѕирно флуоресцентно мастило. Првиот надвлекувач бил воведен во 1963 година од компанијата Картерс инк, со трговска марка Шарпи. Овој бренд сега го користи корпорацијата Евери Денисон откако ја презел Картерс инк во 1975 година.[1]

Стабило интернешенел почнал да произведува надвлекувачи во 1971 година и денес е европски водач.[2]

Видови

уреди
 
Пар надвлекувачи

Многу надвлекувачи се во светли, често флуоресцентни бои. Најчеста боја е жолта, но се произведуваат и во портокалова, црвена, розова, виолетова, сина и зелена боја. Некои жолти надвлекувачи изгледаат зеленикави со голо око. Се претпочита користење на жолта боја кога се прави фотокопија затоа што таа не прави сенка на копијата. Истовремената пак употреба на надвлекувачи со различни бои може да ги направи информациите поорганизирани и почитливи.

Надвлекувачите се достапни во повеќе облици, вклучувајќи ги и оние кај кои врвот се повлекува или оние кои имаат бришач на спротивниот крај. Друг вид на надвлекувачи се тривлекувачите, со облик на триаголник со надвлекувач во различна боја на секоја од страните.

„Сувите надвлекувачи“ имаат апликатор кој има тенка лента наместо филцен врв. За разлика од стандардните надвлекувачи, означеното од овие надвлекувачи лесно се брише.

Друга употреба

уреди
 
Надвлекување со жолто на страница со фотокопиран текст

Некои софтвери за обработка на текст можат да симулираат надвлекување со користење на техники слични на обратно видео (reverse video).

Наводи

уреди
  1. Hilary, Greenbaum; Rubinstein, Dana (2012-01-22). „WHO MADE THAT? The Hand-Held Highlighter“. The New York Times Sunday Magazine. стр. MM20. Посетено на 2012-01-26.
  2. „Highlighters or Hi-liters? Learn About the History of Fluorescent Markers“. Посетено на 20 October 2014.

Надворешни врски

уреди