Муштулук[1][2] или мужде[3][4] — обичај да се плати за добра вест на оној кој прв ќе ја јави.[5] Муштулук е персиски збор и се користи за време на среќни настани (раѓање на дете, свршувачка, враќање од печалба, итн.). Обичај е човек, гласник, кој ја носи веста и кој се нарекува муштулугџија, да оди од член до член на семејството, односно секој што го интересира радосната вест, а секој посебно плаќа.

Наводи

уреди
  1. „муштулук“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „муштулук“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „мужде“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „мужде“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „Обичаи и верувања“. МИА. Архивирано од изворникот на 2022-01-01. Посетено на 1 декември 2022.