Мухночва (англиски: Muhnochwa) е име за мистериозен предмет кој се појавувал во градовите Мирзапур-Виндхјачал, Чандаули, и Варанаси во Индија во летото 2002 година.[1]

Опис

уреди

Жителите на градовите во коишто се појавувал предметот го опишувале како летечки предмет кој создава зраци во црвена, сина и зелена боја. Се тврдело дека наводно напаѓа луѓе така што ги гори или ги гребе. Постојат многу луѓе кои тврдат дека имаат гребаници, бидејќи наводно ги нападнал Мухночва.[2]

Полиција

уреди

Овој случај почнала да го истражува и полицијата. Тие утврдиле дека освен изјавите на жртвите нема конкретни докази дека тоа е нешто натприродно.

Мислење на научниците

уреди

Дури постои и спор меѓу толкувачите на појавата, некои научници тврдат дека тоа можело да биде сокол, други тврдат дека би можело да биде мачка, гумена кукла или авион на далечинско управувања, но има и тврдења дека можеби биле скакулци кои таа година биле бројни во тие села. Некои веруваат дека тоа би можело да биде и НЛО.[3]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди