Мултивибратор
Мултивибратор — електронско импулсно коло кое има две состојби.[1][2][3] Склопот се формира со меѓусебно поврзување на два транзисторски прекинувачи. Тие можат да се поврзат со отпорник или кондензатор. Видот на врската го одредува видот на состојбата. Со поврзување преку отпорник се добива стабилна состојба, а со поврзување преку кондензатор се добива квазистабилна состојба.
Промената на состојбата е скоковито, така што идеализираниот бранов облик на промената на излезниот напон е правоаголен. Состојбата на склопот може да биде стабилна или квазистабилна, т.е. нестабилна.
- Стабилна состојба е состојба при која колото може да биде трајно, сè додека не дојде до надворешно побудување, кога преминува во друга состојба.
- Квазистабилна или нестабилна состојба е состојба во која колото се задржува одредено време, по што преминува во друга состојба. Времетраењето на квазистабилната состојба се определува со капацитетот на кондензаторот и отпорот преку кој се празни кондензаторот.
Секој мултивибратор има две состојби, така што, во зависност од видот на состојбата, разликуваме бистабилен, моностабилен и астабилен мултивибратор.
Покрај овие три кола, може да се додаде и емитерски врзан бистабил или Шмитов компаратор, со кој се постигнува разликување на влезниот напон по амплитуда. Склопот има две стабилни состојби.
Наводи
уреди- ↑ Jain, R. P.; Anand, M. Digital Electronics Practice Using Integrated Circuits. Tata McGraw-Hill Education. ISBN 978-0-07-451692-8.
- ↑ Rao, Prakash. Pulse And Digital Circuits. Tata McGraw-Hill Education. ISBN 978-0-07-060656-2.
- ↑ Clayton, G B. Operational Amplifiers, 2nd Ed. Elsevier. ISBN 978-1-4831-3555-7.
Литература
уреди- Clayton, G B. Operational Amplifiers, 2nd Ed. Elsevier. ISBN 978-1-4831-3555-7.
- Rao, Prakash. Pulse And Digital Circuits. Tata McGraw-Hill Education. ISBN 978-0-07-060656-2.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Jain, R. P.; Anand, M. Digital Electronics Practice Using Integrated Circuits. Tata McGraw-Hill Education. ISBN 978-0-07-451692-8.CS1-одржување: ref=harv (link)