Музеј на филмот во Берлин

Музеј на филмот во Берлин (германски: Filmmuseum Berlin) — еден од седумте филмски музеи во Германија. Бил отворен во 2000 година како оддел на Германската кинотека.

Лого на „Германската кинотека - Музеј за филм и телевизија“
Лого на „Германската кинотека - Музеј за филм и телевизија“

Поставки

уреди
 
Филмска камера со Доли

Со преселување на Германската кинотека во филмската куќа на плоштадот Потсдамер Плац бил воспоставен одделот „Музеј на филмот во Берлин“ во септември 2000 година. Постојаната изложба прикажува експонати од целата германска историја на филмот, вклучувајќи го егзилот во Холивуд во времето на националсоцијализмот: на пример, филмски плакати, фотографии, филмски костуми, скици и други реквизити. Има посветен цел дел за глумицата Марлен Дитрих, која самата ја собрала својата приватна збирка.

Од 1 јуни 2006 година е дополнет музејот со телевизискиот музеј. Името на установата било променето во „Германска кинотека - Музеј на филмот и телевизијата“.

Покрај постојаната изложба се поставуваат посебни изложби. Во текот на Берлиналето во февруари одредени години се прикажуваат одредени специфични изложби.

Музејот поседува библиотека за филмска литература, како и важни списанија.

Музејот е член во Германското филмско здружение.

Надворешни врски

уреди