Музеј на современата уметност на Република Српска
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Музеј на современа уметност на Република Српска — централна музејска установа за извршување музејски активности.
Музејот на современа уметност во Република Српска е основан во 1971 година со одлука на Собранието од Општината Бања Лука како Уметничка галерија во Бања Лука. Уметничката галерија настанала после акциите на ликовните уметници од поранешните југословенски простори и други краеви од светот, кои се солидаризале со Бања Лука, погодена од катрастрофалниот земјотрес од 26 и 27 октомври 1969 година. Со заедчника солидарна акција, истакнати југословенски сликари, историчари на уметност и пријатели на Бања Лука, како помош на настраданиот град собрале приближно 750 уметнички дела, што послужиле како темел за основање на институцијата и претставувало нејзин почетен фонд.
Задача на галеријата
уредиНовоименуваната галерија имала задача систематски да истражува, присобира, проучува, чува, обработува, реставрира, конзервира и јавно да ги изложува уметничките дела од областите од ликовни уметности, како од домамшни така и од странски автори. Нејзиниот придонес се гледал во унапредувањето на ликовната култура и уметност со поширок простор на своето делување, како и ширење и развивање во смисла за ликовната уметност кај публиката воопшто.
Музејот на современата уметност на Република Српска се наоѓа во една од најрепрезентативните градби на Бања Лука – старата австроунгарска железничка станица изградена во 1891 година, која во 1981 година е наменски адаптирана за потребите на музејската институција, со што биле задоволени музеолошките стандарди. Објектот во 2007 година е прогласен за национален споменик од страната на Комисијата за зачувување на националните споменици на БиХ, т.е. за неа се потребни специфични мерки за заштита.
Првото постојано поставување на Уметничката галерија е отворено и претставено на публиката на 22. Април 1981 г., за потоа да биде конципирана од страна на Миодраг Б. Протиќ, основач на Музејот на современата уметност во Белград. Неговата стручна селекција ги издвоила клучните дела од фондот на Галеријата, кои ги презентирале најзначајните појави на југословенските уметности и интензивната комуникација со уметниците, Уметничката галерија се оформила и развила во јадро на ликовната создавачка средина. Во текот на своето повеќедецениско дејствување, Галеријата имала неколку модификувани постојани претставувања, за да во новиот период постојаното претставување биде изместено, а фондот претставен низ повремени тематски конципирани изложби.
Активности на институцијата
уредиЕдна од најважните активности на институцијата била биеналната манифестација „Есенски салон“, која започнала во 1962 година, одржана четиринаесет пати, а во поголемиот дел од нејзиното траење главен организатор била Уметничката галерија.
Со одлука на Владата на Република Српска, Уметничката галерија во 1994 г. била преименувана во Галерија на ликовни уметности на Република Српска и тогаш станала централа музјеска републичка институција, задолжена за области од ликовните уметности. Со воочување на нескладноста меѓу називот Галерија на ликовни уметности РС и она што таа професионално го работела, довело до преименување на институцијата во Музеј на современи уметности на Република Српска, со одлука на Владата на Република Српска на 10. февруари 2004. година. Организацијата на стручната работа на Музејот продолжила да се следи од веќе порано утврдената пракса на развивање сложена музејска институција, во која се конципирале основните одлики на современата музеолошка работа.
Четирите оддели на Музејот
уредиВо рамките на Музејот делуваат четири оддели: Оддел за збирки, Информациско-документациски центар и библиотека, Оддел за образовни програми и Оддел за изложбени и програмски активности.
Музејот на современата уметност на Република Српска е музејска институција во Босна и Херцеговина со овој јазик и тесно е профилирана за област на современите уметности. Својата активност Музејот ја насочува на активно поттикнување на развојот на современата уметничка сцена на просторите на кои делува, функционирајќи како јадро на собирање, проучување и претставување современи уметнички пракси. Од друга страна, своите програмски активности Музејот ги базира и на меѓународна соработка со релевантни институции, со што е овозможено активно следење и презентирање на актуелните уметнички текови. Благодарение на овие активности активирана е многу жива и динамична современа сцена, чиишто достигнувања се препознаени и во меѓународни рамки.
Досегашни домашни проекти и проекти со меѓународна соработка
уредиНајзначаен досегашен проект на институцијата е организација, продукција и презентарција на Павилјонот Босна и Херцеговина на 55. Венецијанско биенале во 2013. година, за кое била избрана изложбата „Градина на уживања“ од Младен Милановиќ, како и на 57. Венецијанско биенале во 2017. година, за кое била израбна изложбата “University of Disaster” од Раденка Милака во сорабтока со Роман Урањек и интернационални гости.
Меѓу најважните меѓународни проекти на Музејот се вбројуваат изложбите „Нова религија“ на британскиот уметник Дејмијан Хирст во 2016. година, т.е. изложбата „Ништожноста на малите разлики“ од британскиот уметник Грејсон Перија во 2017. година, кои биле реализирани во соработка со Британскиот совет (British Council).
Музејот е активен член на меѓународната организација ICOM и редовно го одбележува „Меѓународниот ден на музеите“ и манифестацијата „Европска ноќ на музеите“.
Награди и признанија
уредиВо рамките на меѓународната награда „Жива“, која ја доделува Форумот на словенските култури за најдобар музеј на југоисточна Европа, Музејот во 2014. година е награден со специјално признание за креативност, а истакната е и неговата значајна улога во однос спрема локалната заедница и поттикнување на творештвото на младите уметници.
По повод одбележувањето на Денот на Градот 22. април 2016 година, на Музејот на современи уметности на Република Српска му е врачена наградата „Плакета на Градот Бања Лука“. Ова значајно признание на Музејот му припаднало за исклучително остварување во областа на културата и уметноста, а доделено е на основа на иницијатива за доделување награди и признанија на најзаслужните институции.
Надворешни врски
уреди- Службено мрежно место (српски)