Музеј на Максим Рилски (Киев)

Музејот посветен на Максим Рилски (украински: Музей Максима Рильського) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.

Музеј на Максим Рилски
Музей Максима Рильського
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Основан1968
МестоКиев, Украина Украина

Овој литературно-меморијален музеј е посветен на украинскиот поет, преведувач и јавна личност Максим Рилски. Музејот се наоѓа во домот на украинскиот поет, каде тој живеел 13 години, и место каде ги создал едни од најголемите негови дела. Пред музејот, во неговиот двор се наоѓа биста од поетот.

Музејот бил основан на 4 мај 1966 година. Голема заслуга за основањето на музејот имаат неговите синови, како и некои лични пријатели на Рилски. Првите посетители музејот ги добил во 1968 година, и до денеска оваа институција била посетена од страна на 1 милион луѓе.