Мршојадецот и малото девојче
Мршојадецот и малото девојче, познато и како Девојчето што се бори — фотографија на Кевин Картер која првпат се појавила во Њујорк Тајмс на 26 март 1993 година. Тоа е фотографија на изнемоштено дете погодено од глад, за кое првично се верувало дека е девојче,[1] кое паднало во преден план со мршојадец кој го гледа од близина. Било пријавено дека детето се обидувало да стигне до центарот за хранење на Обединетите нации на околу половина милја оддалеченост во Ајод, Судан (денес Јужен Судан), во март 1993 година, и дека го преживеал инцидентот. Сликата ја добила наградата Пулицерова награда за играна фотографија во 1994 година. Картер си го одзел животот четири месеци по освојувањето на наградата.
Картер во Судан имал задача да фотографира гладни луѓе, а идејата била во рамките на меѓународен обид да се запре гладувањето и да се подигне свеста на луѓето за тој проблем. Откако ја направил фотографијата, многумина го нападнале критикувајќи го како можел како нем набљудувач да ја фотографира таа глетка и зошто наместо да фотографира, не му помогнал на детето. Сепак, Картер раскажал дека направил неколку снимки, а потоа ја избркал птицата.
Подоцна друг фотограф открил дека процесот на настанување на фотографијата бил малку подолг отколку што кажал Картер. Самиот Картер подоцна признал дека сцената ја набљудувал околу 20 минути. Чекал мршојадецот да се приближи повеќе до детето, надевајќи се дека ќе ги рашири крилјата за да може тој да направи подраматична фотографија. Бидејќи тоа не се случило, Картер ја направил фотографијата и ја избркал птицата.
Читателите на „Њујорк Тајмс“ збеснале кога била објавена фотографијата. Луѓето постојано ги прашувале уредниците дали преживеало детето. Поради тоа, во следниот број било објавено соопштение дека детето му побегнало на мршојадецот, но дека е познато само тоа. Потоа критиките иле насочени кон Картер и луѓето сакале да знаат зошто тој не помогнал. На 33-годишна возраст Картер со автомобил отишол на место каде што си играл како дете, поврзал црево со ауспухот и се самоубил. Оставил порака во која напишал дека пател од депресија и дека имал големи долгови, а ги споменал и траумите од фотографирањето на ужасните глетки.[2]
Наводи
уреди- ↑ Rojas, Alberto (21 February 2011). „Kong Nyong, el niño que sobrevivió al buitre“ [Kong Nyong, The Boy Who Survived the Vulture]. El Mundo (шпански). Архивирано од изворникот на 30 June 2017. Посетено на 29 August 2017.
- ↑ „Епилог на фотографија од детето и мршојадецот е најголемиот пораз на цивилизацијата“. www.fakulteti.mk.