Мраз (филм)
„Мраз“ (српски: Лед) — филм на режисерката Јелена Бајиќ Јочиќ од 2012 година. Автор на сценариото е таткото на режисерката, Радош Бајиќ, а главните улоги ги играат: Момчило Оташевиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Нела Михаиловиќ, Олга Одановиќ.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во 1970-тите. Миливој е селанец кој живее со мајка си, баба си и дедо си. Него сè уште го мачи трагичната смрт на татко му која се случила пред десет години, кога тој бил дете. Прикриената љубов на неговата мајка кон гастарбајтерот Мирослав само го зголемува неговиот немир, а тој е постојано оптоварен со прашањето: како погинал татко му? Во тие превирања, Миливој накратко ужива во убавината на животот, кога во неговиот дом пристига една девојка со слободно однесување. Животот исполнет со неизвесност и со драматика го тера Миливој да го преиспита своето минато и да се обиде да влијае врз натамошниот тек на својот живот.