Мојсеј Фишбејн
Мојсеј Абрамович Фишбејн (украински: Мойсей Абрамович Фішбейн) е влијателен украински поет и преведувач од еврејско потекло. Тој е роден во Черновци, Украина.
Животопис
уредиМојсеј Фишбејн завршил филологија во 1976 година на Педагошкиот институт во Киев. Подоцна тој бил уредник на Украинската советска енциклопедија. Раните поеми на овој украински поет биле поддржани од познатиот украински автор Микола Бажан, кој одиграл важна улога во промовирање на првите изданија на Фишбејн.
Во 1979 година, Фишбејн бил приморан да емигрира во Израел, како резултат од неговите активности во дисидентското движење во Украина. Поради ограничените можности за еден украински поет во Израел, тој повторно емигрирал, овој пат во Германија. Таму, Фишбејн работел како новинар во украинското списание од дијаспората „Наши времиња“. Исто така, тој работел во укранскиот и рускито сервис на Радио Слобода.[1] По падот на СССР, тој се вратил во Украина.
Мојсеј Фишбејн се смета себеси за украински националист и зел учество во социјалниот и политички живот на Украина. Тој е член на Сојузот на писатели на Украина и Украинскиот центар на Меѓународниот ПЕН клуб.
Наводи
уреди- ↑ Краткая еврейская энциклопедия, том 9, кол. 196–197, (Jewish Encyclopedia, Society for Research on Jewish Communities, in Russian)
Надворешни врски
уреди- Поезијата на Фишејн на украински
- Блог за Мојсеј Фишбејн
- Неколку поеми од Фишбејн на украински Архивирано на 6 декември 2007 г.
Оваа статија поврзана со Украина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |