Мотовило
Мотовило[1][2] или мотавило[3][4] — старинска дрвена направа што се користела за намотување на преденото и за негово подготвување како основа за понатамошно ткаење. Тоа е дрвен стап со чатал на едниот крај, направено од гранка, а на другиот крај поставена е дрвена штичка зацврстена нормално. Предивото се намотува надолжно по должината на мотовилото, поминува помеѓу двата рога на чаталот и над нормалната штичка долу.