Моник Лорен
Моник Лорен (родена 1960 година)[1] — француски компјутерски научник и математичар, која е експерт за математичка оптимизација. Таа е истражувач во Центарот вискунде и информатика во Амстердам, каде е исто така и член на менаџерскиот тим.[2] Лорен, исто така, ја држи позицијата, со скратено работно време, професор по економетрија и операциски истражувања на Тилбуршкиот универзитет.[3]
Моник Лорен | |
---|---|
Роден(а) | Моник Лорен |
Живеалиште | Амстердам, Холандија |
Полиња | Математичка оптимизација |
Установи | Центарот вискунде и информатика Тилбуршки универзитет ЦНРС |
Образование | Париз Дидро универзитет |
Теза | „Geométries Laminées: Aspects Algébriques et Algorithmiques“ (1986) |
Докторски ментор | Мишел Деза |
Лорен докторирала на Париз Дидро универзитетот во 1986 година, под надзор на Мишел Деза.[4] Таа работела во ЦНРС од 1988 до 1997 година, кога се преселила во ЦВИ. Таа ја презела втората позиција во Тилбург во 2009 година.[2]
Со Деза, Лорен е автор на книгата Геометрија на Пресеците и Метрика (Алгоритми и Комбинаторика 15, Спрингер, 1997).[5]
Награди и признанија
уредиБила поканет говорник на Меѓународниот Конгрес за Математичари во 2014 година.[6] Била избрана за соработник на Друштвото за индустриска и применета математика во 2017 година, "за придонеси во дискретната и полиномската оптимизација и откривањето на интеракциите помеѓу нив".[7]
Наводи
уреди- ↑ Birth year from ISNI authority control file, retrieved 2018-11-29.
- ↑ 2,0 2,1 Employee profile, CWI, retrieved 2016-07-02.
- ↑ Faculty profile, Tilburg University, retrieved 2016-07-02.
- ↑ Моник Лорен at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ Review of Geometry of cuts and metrics by Alexander Barvinok (1998), MR1460488.
- ↑ ICM Plenary and Invited Speakers since 1897 Архивирано на 24 ноември 2017 г., International Mathematical Union, retrieved 2016-07-02.
- ↑ SIAM Fellows: Class of 2017, retrieved 2017-04-25.
Надворешни врски
уреди- Home page at CWI
- Google scholar profile
- Моник Лорен на Ризницата ?