Момчето од кабелската телевизија

Момчето од кабелската телевизија (англиски: The Cable Guy) е американски филм, во режија на Бен Стилер. Главните улоги ги толкуваат: Џим Кери и Метју Бродерик. .

СодржинаУреди

Стивен Ковач е просечен човек, кој е во депресија поради тоа што неодмана го напуштила девојката Робин, се вселува во нов стан. Кога ќе се договори со кабелската телевизија да му испратат инженер кој ќе му го инсталира приклучокот, се појавува претерано пријателски настроениот Чип Даглас. Уште од првиот момент, напорниот Чип се однесува како Стивен да му е најголемиот пријател во животот. Кога најпосле, Стивен ќе му каже дека не му е пријател, Чип наеднаш станува злобен и одмаздољубив.[1] [2]

НаводиУреди

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 15.
  2. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 25.