Модални зборови

(Пренасочено од Модален збор)

Модални зборови — зборови кои го изразуваат личниот став на говорителот кон соопштеното[1]

Од граматичка гледна точка, во реченицата тие стојат одвоено, за себе, но укажуваат на извесно становиште во исказот. Според значењето на искажувањето се делат на[1]:

  • Зборови за искажување реален однос: се разбира, значи, нормално, природно, главно, сигурно, навистина, секако, можеби, веројатно, очигледно, бездруго.
  • Зборови за искажување емоционален однос: за жал, за чудо, божем, за среќа, за несреќа.
  • Зборови за искажување разни модални нијанси: то ест, на пример, впрочем, најпосле, без сомнение, по секоја цена, на секој начин.
Пример: За роденден, можеби ќе добијам компјутер.

Наводи

уреди