Мовимајски јазик

(Пренасочено од Мовимански јазик)

Мовимаски јазикстароседелски јазик во Боливија кој се зборува од околу 1400 луѓе во департманот Бени. Овој јазик се смета за изолиран јазик и нема докази дека е поврзан со некој друг јазик.

Мовимаски
Chosineɬ di' mowi:maj[1]
Зборуван во: Боливија 
Регион: Бени
Вкупно говорници: околу 1400[1]
Јазично семејство: изолирани
 Мовимаски
 
Статус
Службен во: Боливија[2]
Регулиран од: не е регулиран
Јазични кодови
ISO 639-1: none
ISO 639-2: mis
ISO 639-3: id=mzp mzp

Фонологија

уреди

Мовимаскиот има 5 самогласки:

Самогласки
  предни централни задни
затворени i u
средни e o
отворени a

/e/ и /o/ наликуваат на [ɛ] и [ɔ], одошто на [e] и [o]. Самогласките имаат фонетска вредност на должина. Мивимаскиот јазик нема тон.[3]

Согласки
  лабијални алвеоларни непчани веларни глотални
централни латерални рамни лабијализирани
носни m n          
експлозивни пулмонални p t   k (ɡ)  
имплозивни ɓ ɗ          
фрикати (f) β s ɬ       h
апроксимантни     l j w  
вевни   r          

Гласовите /f/ и /ɡ/ се присутни само кај странски зборови.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Katharina Haude (2006). „A grammar of Movima“ (PDF). Radboud Universiteit Nijmegen. Посетено на 2008-10-22.
  2. „Constitution of Bolivia, Article 5. I.“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-05-21. Посетено на 2010-08-07.
  3. „WALS - Movima“. World Atlas of Language Structures Online. Посетено на 2008-10-24.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди