Мобилен телефон (филм од 2003)

Мобилен телефон - кинески филм од 2003 година, во режија на Сјаоганг Фенг, по сценариото на Џенјин Лиу. Главните улоги ги играат: Ју Ге, Бингбинг Фан и Тонгшенг Хан. Филмот доживеал огромен успех на киноблагајните.[1]

Содржина уреди

Филмот се врти околу двајца успешни мажи чии бракови ќе бидат уништени кога нивните жени ќе ги откријат нивните вонбрачни афери, преку трагите што останале на мобилните телефони. Генерално, филмот ја истражува улогата на мобилните телефони во интерперсоналниот комплекс на односите помеѓу мажите и жените во современа Кина, каде брзиот развој на информатичката технологија има огромно влијание врз начините на кои луѓето комуницираат. Јан е ТВ-водител и има афера со Ву, млада привлечна жена. Јан постојано ги брише трагите на мобилниот за неговата жена Ју да не го открие. Една вечер, Јан ѝ кажува на Ју дека оди на состанок со Феи, а наместо тоа оди на рандеву со Ву и го исклучува мобилниот. Неговата жена го бара и откако не може да го добие, се јавува кај Феи...[1]

Наводи уреди