Мнема (месечина)
Mneme (старогрчки јазик: Μνήμη), позната и како Јупитер XL — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриен е од страна на екипа на астрономи Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард ми други во 2003 година, и привремено била означена како S/2003 J 21.[1][2]
Мнема е со пречник од 2 километрио, и е во орбита околу Јупитер на растојание од 21,427 Gm со период од 640,769 денови, со наклон од 149° во однос на еклиптиката (148° во однос на Јупитеровиот екватор)во повратна насока и со занесување од 0,2214. Просечната орбитална брзина изнесува 2,43 km/s.
Именувана е во март 2005 година според Мнема, една од првичните музи.[3] Поинекогаш погрешно се поистоветува со Мнемозина, мајката на музите (трите или деветте, во зависност од авторот), ќерки на Зевс (Јупитер).
Мнема припаѓа на Ананкината група, и е повратна неправилна месечина која кружи околу Јупитер на растојание меѓу 19,3 и 22,7 Gm, со наклон од 150°.
Наводи
уреди- ↑ IAUC 8138: S/2003 J 21 2003 May 30 (discovery)
- ↑ MPEC 2003-K45: S/2003 J 21 2003 May 29 (discovery and ephemeris)
- ↑ IAUC 8502: Satellites of Jupiter 2005 March 30 (naming the moon)