Младен Бркиќ
Младен Бркиќ (српска кирилица: Младен Бркић; роден на 30 октомври 1980 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како напаѓач.
Клупска кариера
уредиАполонија Фиер
уредиБркиќ за прв пат се претставил во првенството на Република Албанија во сезоната 2008-09 каде постигнал 9 гола на 30 натпревари со тимот на Аполонија Фиер.[1] Тој успеал да се подобри во текот на следната сезона, постигнувајќи 15 гола на 30 натпревари, пропуштајќи ја „Златната копачка“ на Даниел Џафа за само 3 гола.[2] Во јануари 2010 година бил именуван за нов капитен на тимот.[3]
Бркиќ бил позајмен на тимот на Динамо од Тирана за учество на клубот во Лигата на Европа на УЕФА. Бркиќ играл за новиот тим на првиот натпревар од првото квалификациско коло против екипата на ФК Лахти. Овој натпревар завршил со резултат од 4:1 за финската екипа.[4]
Скендербег Корча
уредиНа 14 август 2010 година, Бркиќ потпишал со екипата на Скендербег од Корча едногодишен договор вреден 50.000 евра.[5] Тој постигнал гол на пријателски натпревар само четири дена подоцна против екипата на Поградеци.[6] Својот прв хет-трик (три голови на еден натпревар) во албанската Суперлига го постигнал на 24 октомври 2010 година во победата со 5:1 на домашен терен над тимот на Кастриоти од Крује во осмото коло од првенството.[7] По овој подвиг следеле погодоци против Динамо од Тирана и Беса од Каваја со што бројот на реализации достигнал 7 гола.[8][9] Првиот дел од сезоната го завршил како најдобар стрелец на тимот на Скендербег со вкупно 8 гола од 16 натпревари. Дополнителниот еден гол бил постигнат во натпревар од Купот на Албанија. Бркиќ заминал од клубот во месец јануари.[10]
Динамо Тирана (како позајмен играч)
уредиВо јануари 2011 година Бркиќ се приклучил како позајмен играч на тимот на Динамо од Тирана, враќајќи се во главниот град по две и пол години.[11] Како дел од трансферот, во спротивен правец заминал албанскиот играч за врска Ѓерѓи Музака.[10]
Фљамуртари Валона
уредиБркиќ ги договорил личните услови и преминал во клубот на Фљамуртари на 15 септември 2011 година со потпишан едногодишен договор.[12] Неговата играчка магија во Црвено - Црните била краткотрајна, бидејќи не постигнал голови на цели 10 лигашки натпревари. По долг период, тој сепак постигнал еден гол за клубот во куп натпревар против нисколигашкиот противник Билиш Спорт.[13] Во првите денови од месец јануари Бркиќ го напуштил клубот со раскинување на договорот.[14]
Залаегерцег ТЕ
уредиНа 15 март 2012 година, по три месеци како слободен играч, Бркиќ ја напуштил Албанија и се приклучил на тимот на Залаегерцег ТЕ од првата унгарска лига Немзети Бајноксаг I. [15] Потпишал договор до крајот на сезоната 2011-12 и го носел дресот со бројот 11.[15] Бркиќ само по два дена од потпишувањето на договорот подоцна влегол во игра како замена во последните минути од нерешениот натпревар против тимот на Шомбатели Халадас. Резултатот бил 1:1.[16] Неговиот прв постигнат гол за клубот бил на вториот натпревар на 24 март против екипата на Вашаш СЦ, постигнувајќи погодок со удар во 76 минута. Со овој гол неговиот тим имал моментално водство, но сепак на крајот екипата била победена со резултат од 3:2. Овој натпревар се играл на стадионот Иловски Рудолф.[17] Бркиќ ја завршил својата кратка сезона во Унгарија со 8 настапи и постигнувајќи еден гол. На крајот на сезоната клубот на Залаегерцег ТЕ испаднал во Втората фудбалска лига на Унгарија откако завршил на последното место во првенството.[18]
Лачи
уредиБркиќ на 29 август 2013 година направил трансфер во албанската суперлига во тимот на Лачи, враќајќи се во Албанија по цели две сезони.[19] Својот прв натпревар го имал на 14 септември во првото коло од новата сезона против екипата на Партизани од Тирана, при што имал завидна улога со асистенција за единствениот гол. Подоцна тимот на Лачи го победил натпреварот, а Бркиќ бил заменет со резервен играч.[20] Тој постигнал гол на 6 ноември во куп-натпреварот против екипата на Елбасан, од пенал. Екипата на Лачи победила на тој натпревар со резултат од 2:0.[21] Неговиот прв лигашки гол бил постигнат три дена подоцна кога неговата екипа победила со резултат од 0:2 против екипата на Кастриоти од Круја.[22] Бркиќ го напуштил клубот 14 април следната година поради неговите лоши игри во текот на целата сезона. Во таа сезона тој постигнал само 4 гола во вкупно 25 лигашки натпревари.[23]
Статистика во кариерата
уреди- Обновено на 5 мај 2015[24]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Европски натпревари | Вкупно | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Гмунден | 2007–08 | Венер Стадлига | 7 | 0 | 0 | 0 | — | 7 | 0 | |
2008–09 | 7 | 0 | 0 | 0 | — | 7 | 0 | |||
Вкупно | 14 | 0 | — | 14 | 0 | |||||
Аполониа Фиер | 2008–09 | Албанска Суперлига | 30 | 9 | 2 | 1 | — | 32 | 10 | |
2009–10 | 30 | 15 | 0 | 0 | — | 30 | 15 | |||
Вкупно | 60 | 24 | 2 | 1 | — | 62 | 25 | |||
Динамо Тирана (како позајмен играч) | 2009–10 | Албанска Суперлига | — | — | 1 | 0 | 1 | 0 | ||
Скендербег Корча | 2010–11 | Албанска Суперлига | 16 | 8 | 1 | 1 | — | 17 | 9 | |
Динамо Тирана (како позајмен играч) | 2010–11 | Албанска Суперлига | 14 | 3 | 4 | 0 | — | 18 | 3 | |
Фљамуртари | 2011–12 | Албанска Суперлига | 10 | 0 | 5 | 0 | — | 15 | 0 | |
Залаегерцег | 2011–12 | Унгарска прва лига | 8 | 1 | 0 | 0 | — | 8 | 1 | |
Лапта Турк Бирлиги | 2012–13 | КТФФ Супер Лига | 12 | 3 | 0 | 0 | — | 12 | 3 | |
Слога Краљево | 2012–13 | Српска прва лига | 13 | 1 | 0 | 0 | — | 13 | 1 | |
Лачи | 2013–14 | Албанска Суперлига | 25 | 4 | 3 | 1 | — | 28 | 5 | |
Вкупно во кариерата | 172 | 44 | 15 | 3 | 1 | 0 | 188 | 47 |
Наводи
уреди- ↑ „Albania 2008/09“. RSSSF.com. Посетено на 25 December 2017.
- ↑ „Një serb synon "Këpucën e artë"“ [A Serb aims at the Golden Boot] (албански). Albania-sport. Архивирано од изворникот на 25 February 2012. Посетено на 25 December 2017.
- ↑ Enea Shtrepi (23 January 2010). „Mlladen Brkiç kapiteni i ri i Apolonise!“ [Mladen Brkić the new Apolonia captain] (албански). Albania Soccer. Посетено на 25 December 2017.
- ↑ „Lahti 4-1 Dinamo Tirana“. UEFA.com. Посетено на 22 June 2017.
- ↑ Enea Shtrepi (14 August 2010). „Levizjet/ Mlladen Brkic firmos me Skenderbeun“ [Transfers/ Mladen Brkić signs with Skënderbeu] (албански). Albania Soccer. Посетено на 8 January 2011.
- ↑ Kristo Zhidro (18 August 2010). „Miqesore/Pogradeci-Skenderbeu 3-3“ [Friendly/ Pogradeci-Skënderbeu 3-3] (албански). Albania Soccer. Посетено на 8 January 2011.
- ↑ Kristo Zhidro (24 October 2010). „Kategoria Superiore/ Skenderbeu-Kastrioti 5-1“ [Albanian Superliga/ Skënderbeu-Kastrioti 5-1] (албански). Albania Soccer. Посетено на 24 October 2010.
- ↑ „Skënderbeu Korçë vs. Dinamo Tirana 3 – 2“. Soccerway. 13 November 2010. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ „Skënderbeu Korçë vs. Besa Kavajë 4 – 0“. Soccerway. 20 November 2011. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ 10,0 10,1 Kristo Zhidro (8 January 2011). „Skenderbeu / Rikuperohet Sefa, huazohet Brkic“ [Skënderbeu / Sefa recuperated, Brkić loaned] (албански). Albania Soccer. Посетено на 8 January 2011.
- ↑ „Cikalleshi dhe Muzaka perforcimet e Skënderbeut“ [Cikalleshi and Muzaka are the reinforcements of Skënderbeu] (албански). Arkiva Lajmeve. 27 December 2010. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 27 December 2010.
- ↑ „Levizjet/ Flamurtari merr Mlladen Brkic“ [Transfers/ Flamurtari takes Mladen Brkić] (албански). Albania Soccer. 15 September 2011. Посетено на 15 September 2011.
- ↑ „Flamurtari FC 4-0 Bilisht Sport“ (албански). FSHF.org. 28 September 2011. Архивирано од изворникот на 2017-12-25. Посетено на 25 December 2017.
- ↑ „Flamurtari/ Brkic ben gati valixhet, mungon vetem divorci zyrtar“ [Flamurtari/ Brkić prepares the bags, only the official divorce is missing] (албански). Albania Soccer. 27 December 2011. Посетено на 15 September 2011.
- ↑ 15,0 15,1 „Rutinos csatárt igazoltunk“ [We have verified a routine fighter] (унгарски). Ztefc.hu. 15 March 2012. Архивирано од изворникот на 2017-12-25. Посетено на 15 March 2012.
- ↑ „Zalaegerszegi TE vs. Szombathelyi Haladás 1 – 1“. Soccerway. 17 March 2012. Посетено на 25 December 2017.
- ↑ „Vasas vs. Zalaegerszegi TE 3 – 2“. Soccerway. 24 March 2012. Посетено на 25 December 2017.
- ↑ „Summary - NBI - Hungary - Results, fixtures, tables and news“. Soccerway. Посетено на 25 December 2017.
- ↑ Vladimir Prenga (29 August 2013). „Laçi arrin akordin me Brkiç, serbi sot në stërvitje“ [Laçi reaches agreement with Brkić, serbian today on training] (албански). Panorama Sport. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ Vladimir Prenga (15 September 2013). „Partizani bie në Laç, ka akuza ndaj gjykimit. Të kuqve u anulohet një gol pjesën e dytë“ [Partizani fall in Laç, there are accusations against the referee] (албански). Panorama Sport. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ „Laçi vs. Elbasani 2 – 0“. Soccerway. 6 November 2013. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ „Kastrioti Krujë vs. Laçi 0 – 2“. Soccerway. 9 November 2013. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ Enea Shrepi (12 April 2014). „Laçi/ Brkic largohet nga skuadra“ [Laçi/ Brkić flees from the team] (албански). Albania Soccer. Посетено на 24 December 2017.
- ↑ „Serbia - M. Brkić - Profile with news, career statistics and history“. Soccerway. Посетено на 24 December 2017.
Надворешни врски
уреди- Младен Бркиќ – Профил на сајтот на УЕФА
- АФА профил Архивирано на 25 декември 2017 г.