Мице Васов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Мице Васов
Роден Горно Врбени, Леринско, Егејска Македонија
Починал 28 август 1903
Негован, Леринско, Егејска Македонија

Животопис

уреди

Васов е роден во селото Горно Врбени (Екши Су), Леринско, тогаш во Османлиското Царство. Земал активно учество во борбите против турската власт во Македонија. Станува член и селски војвода на ВМРО. Учествувал во Илинденското востание и загинал на 28 август 1903 г. кај месноста Крајчев мост во селото Негован.[1]

Наводи

уреди
  1. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 25. ISBN 954-9514-28-5.