Михаил Протоспатар

Михаил Протоспатарвизантиски катепан на Италија од 1031 до 1033 година. Тој бил испратен во Бари откако неговиот претходник, Пот Аргир, загинал во битка со Сарацените кои го освоиле Касано ал Јонио во Калабрија. Михаил бил висок и возвишен претставник на царскиот двор во Цариград. Тој држел неколку високи титули. На врвот на својата кариера, неговата целосна титула била: „Чемберлен, катепан на Италија, и крит на едрата[1] и хиподромот“. Крит најверојатно е службеник задолжен зза спроведување на барњата за прием кај царот. Михаил пристигнал во италија на почетокот на 1032 година со нова армија, која не била составена само од регрути од Запад или пак од помошници, туку имало и елитни единици од Мала Азија и Сирија. Не е познато што се случило со оваа голема армија, сепак, во 1033 година бил заменет од Константин Оп.

Наводи

уреди
  1. The term βῆλον vēlon can stand for either sail, curtain or banner (from Latin language velum). In this case it denotes the curtain behind which the judges assembled (Oxford Dictionary of Byzantium, p. 2157).

Извори

уреди
  • Gay, Jules. L'Italie méridionale et l'empire Byzantin: Livre II. Burt Franklin: New York, 1904.


Претходник
Пот Аргир
Катепан на Италија
1031–1033
Наследник
Константин Оп