Михаил Лајтман (роден во 1946 година, во Витебск (Белорусија) Тој е д-р по филозофија, магистер по биокибернетика, професор по онтологија и теоријата на спознавањето, и светски познат специјалист од областа на автентичната кабала.

Д-р. Михаел Лајтман

Живот

уреди

Неговиот животен пат е необичен за признаен духовен водач. Во 1971 година завршил на Ленинградскиот северозападен вонреден политехнички институт, каде ја изучувал биолошката и медицинската кибернетика. Во рамките на вежбите спроведувал научно – истражувачка работа во Институтот за Истражување на крвта, специјализирал за електромагнетно регулирање на снабдувањето на срцето и мозокот со крв. По стекнувањето на академското образование и достигнувањето на значајни успеси на полето на биокибернетиката, тој се обратил кон древната наука – кабала. Докторирал филозофија и кабала на Московскиот институт за филозофија при Руската Академија на науки. Кабалата до ден денес останува главен објект на неговите истражувања.

Михаел Лајтман почнал да ја изучува кабалата во 1976 година. Во потрагата по вистинскиот учител, во 1979 година имал среќа да стигне до познатиот кабалист Барух Ашлаг - Рабаш(1906-1991), постариот син и наследник на Јехуда Ашлаг (1884-1954), познат во кабалистичкиот свет под името Баал ХаСулам, кој ова име и славата ги доби по коментарот „Сулам” (хебрејски – Скала) на книгата „Зохар“. Од тоа време, и во следните дванаесет години Михаел Лајтман бил најблизок ученик и помошник на Барух Ашлаг, неуморно придружувајќи го во последните години од неговиот живот.

Кабалистичка дејност

уреди

По смртта на својот учител, во 1991 година, Михаел Лајтман го основал Бнеи Барух - Институтот за истражување и изучување кабала. Бнеи Барух е независно и некомерцијално здружение, кое се занимава со научна и просветна дејност од областа на науката кабала и управува со најголемото мрежно место на тема кабала. Има развиена мрежа на филијали и центри за далечинско и бесплатно обучување во повеќе од 30 земји на светот.

Мрежното место на Институтот : www.kabbalah.info е одбележана во енциклопедијата „Британика”, како една од најголемите учебно-просветни интернет извори според бројот на посетителите, количеството и информативноста на материјалот. Таа овозможува неограничен пристап до кабалистичките текстови на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на македонски јазик, http://www.kabbalah.info/mk/ и брои повеќе од 2 милиони посетители месечно.

Библиографија

уреди

Денес долгогодишните истражувања на Михаел Лајтман од областа на кабалата добиваат светско признание. На неговото перо му припаѓаат повеќе од триесет книги, преведени на 2о јазици. На македонски јазик:

и други .

Лекции со М. Лајтман

уреди

На интернет каналот www.kab.tv секојдневно се емитува директен пренос на неговите лекции со синхронизиран превод на седум јазици (англиски, руски, италјански, германски, шпански, француски, турски).

Тој е основач и претседател на Институтот за истражување Ashlag (Ари), формиран за истражување на интерконективните врски меѓу науките од нашиот свет и науката кабала.

Од 2005 г. Михаел Лајтман е член на Светскиот Совет на Мудроста (World Wisdom Council) – собрание на најистакнати научници и општествени дејци, кои се занимаваат со решавање на глобалните проблеми на современата цивилизација. Познатите претставници на меѓународната асоцијација на интелектуалци ги поздравуваат неговите напори за предавање на кабалистичкото знаење пред научниците и пошироката општествена јавност.