Откриена кабала
Книгата „Откриена кабала: Упатство за пронаоѓање на среќата“, е книга која ни кажува како со помош на автентичната кабала можеме да изградиме среќен живот, во хармонија со природата. За првпат, на достапен јазик за обичниот читател, се објаснети вечните принципи на автентичната кабала, од светски признатиот кабалист д-р Михаил Лајтман. Оваа книга е наменета за луѓе од секаква возраст, вера и националност, кои сакаат подобро да ја разберат целта на нивниот живот, притоа добивајќи го клучот за среќата.
корица на книгата | |
Автор | Михаел Лајтман |
---|---|
Изворен наслов | Раскрытие Каббалы |
Преведувач | Марианна Младеновска |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Издавач | Клуб Матица |
Издадена | 2011 |
Страници | 153 |
ISBN | 978-608-10-0117-4 |
Реакции
уредиВо својот предговор кон книгата, професорот Ервин Ласло (Италија/Унгарија) , основач и претседател на Будимпештанскиот клуб (Club of Budapest) и на Светскиот Совет на Мудроста (World Wisdom Council) пишува:
„Како што научив преку запознавање со текстовите на д-р Лајтман, кабалата во својата изворна форма ги промовира единството и интегритетот на човештвото и универзумот. Авторот не ми е само драг и личен пријател, туку според мене и најголем жив кабалист, вистински претставник на мудроста која била скриена повеќе од две илјадалетија.“
“Од сè срце препорачувам внимателно да ја прочитате оваа книга, бидејќи содржи многу повеќе од општо знаење за древната мудрост. Ни го дава и клучот за осигурување на благосостојбата на човештвото во овие критични времиња, кога сме соочени со досега невидени предизвици... “
Д-р Џефри Сатиновер – автор на седум книги за квантна физика и психијатрија, меѓу кои: “Квантниот мозок“ и “Пробивање на библискиот код“, катедра за физика, универзитет во Ница, Франција:
„Ја имав таа голема привилегија и чест лично да го запознам д-р Михаел Лајтман. Тој ја претставува оваа древна дисциплина, со топло срце, длабока ученост и искуство, како и темелно сфаќање на современите емпириски принципи. Големи умови низ вековите нашле во автентичната кабала (во споредба со нејзините разни површни варијанти,) извор на не-секташко, хумано, духовно водство. “