Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Мирчо Андреев (1966-2020) пастор и долгогодишен претседател на Евангелска црква во Република Македонија.

Животопис

уреди

Мирчо Андреев е роден во 1966 година во с. Мокрино, Струмичко. Студирал воена академија во Белград, каде бил приморан да ги прекине студиите поради здравствени причини. По кратко време решава да се посвети на Божја служба и во 1988 година со неговата сопруга Наде Андреева се приклучуваат во Евангелска црква во Република Македонија која таа година била основана. По завршувањето на теолошкото образование на Евангелско-теолошкиот факултет во Осиек, Хрватска, каде се стекнал со титулата магистер по теологија, во 1994 година бил ракоположен за пастор на Евангелска црква во РМ. По две години бил избран и за претседател на Евангелска црква во РМ. Под негово водство Евангелска црква во Македонија забрзано растела, особено преку хуманитарните активности. До неговата смрт биле основани 40 цркви во Република Македонија и една високо образовна институција (Евангелско-теолошки институт во Куманово).

По кратко боледување починал на 26 декември 2020 година.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Northey, Bob (2021-01-07). „A short tribute to Mirco Andreev“. Transform Europe Network (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-02-16. Посетено на 2022-02-16.
  2. „ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУСТВО ДО ЕВАНГЕЛСКА ЦРКВА ПО ПОВОД СМРТТА НА ПАСТОРОТ МИРЧО АНДРЕЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕЦ“. www.kovz.gov.mk (англиски). Посетено на 2022-02-16.