Мирко Буњевчевиќ (роден на 5 февруари 1978 година) е поранешен српски фудбалски дефанзивец. Моментално е тренер во младинската академија на фудбалскиот клуб на Црвена ѕвезда.

Кариера

уреди

Тој е роден во Карловац (СР Хрватска, СФР Југославија). Започнал да игра фудбал уште од млада возраст, заедно со неговиот постар брат Горан Буњевчевиќ, кој подоцна станал српски репрезентативец. Нивниот талент набрзо бил забележан од најистакнатите хрватски клубови ХНК Хајдук од Сплит и НК Динамо од Загреб кои успеале да ги доведат во нивните младински тимови. Подоцна се преселиле во српската престолнина Белград, а по извесен период играјќи со ФК Графичар Белград, 5 години постариот Горан ќе ја започне својата врвна кариера со пристапувањето во клубот на ФК Рад. Во тој период екипата на Рад се натпреварувала во Првата лига на СР Југославија. Мирко пак продолжил да игра во младинското ниво со тимот на ФК Раднички од Белград.

Откако стекнал одредено сениорско искуство играјќи една сезона во носколигашкиот ИМ Раковица, неговата кариера доживеала вистински бум во1998 година кога му се приклучил на тимот на ФК Рад, клуб во кој неговиот брат успешно настапувал повеќе од четири сезони. Поради добрите игри на брат му во екипата на Рад гигантот Црвена ѕвезда од Белград, потпишал договор една година пред да дојде Мирко во екипата на ФК Рад. Тој период бил доста турбулентен генерално за фудбалот во Србија, бидејќи земјата доживеала војна на Косово и бомбардирање од стана на НАТО.

Така Мирко, по трите сезони поминати во Рад, во летото 2001 година за прв пат се преселил во странство, приклучувајќи му се на словенечкиот клуб ФК Копер. Играл две години и половина во словенечката прва лига, првите две во екипата на Копер и половината од сезоната со тимот на НК Мура.[1] Со тимот на Копер во 2002 година Мирко Буњевчевиќ играл во Купот на УЕФА на Интертото во 2002 каде што биле поразени од шведскиот тим на Хелсингборг ИФ (0–1; 0–0) во првото коло.

Во почетокот на 2004 година тој потпишал договор со ФК Арсенал од Киев започнувајќи период од речиси пет години поминати во украинската Премиер лига. Бил стандарден играч во тимот, одиграл 55 лигашки натпревари за две години и половина поминати во Киев. Клубот имал просечни резултати на табелата, завршувајќи од 9-то место во првата сезона, па повторно 9-то во втората и 12-тото место во третата сезона. Мирко го напуштил Арсенал од Киев во летото 2006 година и се вратил во Србија каде бил едно од неколкуте засилувања на екипата на ФК Хајдук од Кула. за нивните засилувања за во Купот на УЕФА 2006–07. Клубот на Хајдук од Кула во првото коло на европска сцена одиграл со бугарската екипа на ПФЦ ЦСКА Софија со резултат од 1:1 и 0:0 со што испаднале од натамошното натпреварување. Буњевчевиќ го одиграл остатокот од првата полусезона со Хајдук во Српската Суперлига, но за време на зимската пауза се вратил во Украина засилувајќи го новопромовираниот прволигаш ФК Зорја од Луганск. Клубот изненадувачки бил редовно пласиран во средината од табелата, најмногу по заслуга од комбинирањето на домашни играчи и неколкуте засилувања меѓу кои бил и Мирко Буњевчевиќ.

Во летото 2009 година тој повторно се вратил во српската Суперлига, овој пат приклучувајќи се на белградскиот клуб ФК Чукарички. Во Чукарички останал само половина сезона, бидејќи многу брзо му се приклучил за време на зимската пауза на азербејџанскиот Олимпик од Баку. Клубот на Олимпик влегувал во нова ера од својата историја, квалификувајќи се во натпреварите од европски ранг. Првиот натпревар на клубот бил со екипата на ФК Војводина. Набргу откако Буњевчевиќ им се придружил, клубот од спонзорски причини бил преименуван во АЗАЛ ПФЦ. Во текот на сезоната 2009–10, АЗАЛ завршил на 7-то место во лигата. На почетокот од таа сезона за тренер билназначен Назим Сулејманов. Тој направил големи промени во клубот. За големите промени во многу бил заслужен и Буњевчевиќ. Клубот на крајот на сезоната го заземал 4-то место од Премиер лига на Азербејџан 2010–11. Мирко бил стартер на 31 од вкупно 32 натпревари.[2] Тој резултат ги довел до квалификациите за Лигата на Европа 2011-12 на УЕФА, но нивната европска турнеја завршила со разочарување бидејќи загубиле во првото квалификациско коло од белорускиот тим ФК Минск (1-1; 1-2). ТренеротСулејманов пред да се одиграат натпреварите со ФК Минск ветил дека ќе поднесе оставка доколку тимот биде поразен, а бидејќи среќата не била на негова страна, тој на крајот го одржал ветувањето и заминал од клубот. Во наредната зимска пауза од клубот си заминал и Мирко Буњевчевиќ. За време на периодот што го поминал со АЗАЛ, клубот двапати стигнал до полуфиналето на Купот на Азербејџан.

Буњевчевиќ се вратил во Србија за време на зимската пауза во сезоната 2011–12 и се приклучил на клубот на ФК Земун.[3] Клубот на Земун минувал низ голема криза бидејќи претходното лето бил последен во српската лига Белград, една од четирите српски лиги од трето ниво.

Наводи

уреди
  1. Profile and stats from Slovenia at PrvaLiga
  2. Mirko Bunjevčević at Soccerway
  3. Mirko Bunjevčević at Srbijafudbal

Надворешни извори

уреди