Министерство за млади и спорт (Турција)


Министерство за млади и спорт на Република Турција (турски: Türkiye Cumhuriyeti Gençlik ve Spor Bakanlığı) — владина агенција во рамките на Кабинетот на Турција задолжена за регулирање на активностите поврзани со спортот и развојот на младите во Република Турција. Со Министерството раководи Осман Ашкин Бак.[1]

Министерство за млади и спорт
'Gençlik ve Spor Bakanlığı'
Податоци за органот
Основан 1969
Седиште Алтиндаг, Анкара
Надлежен министер Осман Ашкин Бак
Мрежно место
gsb.gov.tr

Историја

уреди

На 29 јуни 1938 година била формирана дирекцијата за физичка култура. По општите избори во 1969 година, во кабинетот на Сулејман Демирел II, на 3 ноември за прв пат било формирано Министерството за млади и спорт, а за негов прв министер бил назначен Исмет Сезгин. По општите избори во 1983 година, министерството било преименувано во Национално образование, млади и спорт на 14 декември.[2]

Министерството за млади и спорт било повторно воспоставено како независно министерство на 29 јуни 2011 година по формирањето на кабинетот на Ердоган III. Во минатото, владините активности за млади и спорт ги извршувале различни владини агенции подредени на државен министер, кој имал и други надлежности. Тие организации биле обединети под капата на новоформираното министерство додека статусот на покраинските организации биле редефиниран во согласност со усогласувањето на правото за пристапување на Турција во Европската унија.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Habertürk. „YENİ KABİNE LİSTESİ 2023: Yeni kabine üyeleri kimler, hangi bakanlar var? İşte yeni Bakanların isimleri“. Habertürk (турски). Посетено на 2024-01-25.
  2. "Tarihçe" (in Turkish). Ankara Gençlik Hizmetleri Spor İl Müdürlüğü . Retrieved 2013-05-30.
  3. A.A (2011-11-07). „Üst yönetim kuruldu“. www.hurriyet.com.tr (турски). Посетено на 2024-01-25.
  4. A.A (2011-08-18). „Gençlik ve Spor Bakanlığı'na bir müdürlük daha“. www.hurriyet.com.tr (турски). Посетено на 2024-01-25.