Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени (Турција)


Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени — владино министерство на Република Турција, одговорно за животна средина, јавни работи, и урбанистичко планирање во Турција. Министерството го води Мурат Курум.[1]

Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени
Çevre, Şehircilik ve İklim Değişikliği Bakanlığı
Седиштето на Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени во Анкара, Турција.
Податоци за органот
Основан 29 Јуни 2011
Претходници Министерство за јавни работи (1920–1983)
Министерство за развој и домување (1958–1983)
Министерство за јавни работи и домување (1983–2011)
Седиште Анкара
Надлежен министер Мурат Курум
Deputy Ministers responsible Рефик Тузчуоглу
Фатма Варанк
Хасан Сувер
Ведад Гурген
Мрежно место
csb.gov.tr/en

Историја

уреди

Министерството е формирано во 1983 година преку спојување на Министерството за јавни работи, формирано на 3 мај 1920 година и Министерството за развој и домување кое е формирано 1958 година. Резултатот бил Министерството за јавни работи и домување, кое во 2011 година било преименувано во Министерство за животна средина и урбанизација.[2] Во 2021 година на името биле додадени климатските промени.[3]

Организација

уреди

Со Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени раководи министер кој го именува претседателот на Турција. Министерството има повеќе одделенија и агенции, меѓу кои Генералниот директорат за управување со животната средина, Генералниот директорат за оцена на влијанието врз животната средина, Генералниот директорат за планирање на просторот, Генералниот директорат за еколошко образование и учество на јавноста и Генералниот директорат за климатски промени.

Одговорности

уреди

Министерството е одговорно за борба против климатските промени во Турција[4] и еколошките прашања во Турција. И покрај тоа што Министерството за енергетика било претставено во Координативниот одбор за климатски промени и управување со воздухот, во 2018 година Европската комисија го критикувала недостатокот на координација помеѓу политиката за климатски промени и енергетската политика на Турција.[5] Главен претставник за климатски промени е Мехмет Емин Бирпинар, заменик министер за животна средина.[6] Според Министерството, амнестијата за градежни стандарди од 2018 година собрала 24 милијарди лири (4,2 милијарди американски долари), но од 2023 година сè уште не е познато колкав дел од зградите што се урнале во земјотресот во 2023 година имале корист од амнестиите за градежни стандарди.[7] По земјотресот во 2023 година, претседателот Ердоган издал декрет дека Министерството ќе биде единствениот носител на одлуки за нови станбени проекти во областите погодени од земјотресот.[8]

Националната агенција за животна средина била основана во 2020 година, но до 2022 година не била оперативна.[9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Yeni Kabine listesi açıklandı, bakanlar belli oldu! İşte yeni Bakanlar Kurulu isim listesi“. Habertürk (турски). 4 June 2023. Посетено на 4 June 2023.
  2. „Our History“. Архивирано од изворникот на 2023-05-01. Посетено на 2021-01-19.
  3. 'Climate change' added to the name of Turkey's Ministry of Environment and Urbanization“. Bianet.
  4. „Turkey's Climate Change Policy, Legal and Institutional Framework“ (PDF).
  5. Turkey 2018 Report p92, European Commission, 17 April 2018
  6. csb.gov.tr. „Prof. Dr. Mehmet Emin BİRPINAR - T.C. Çevre, Şehircilik ve İklim Değişikliği Bakanlığı“. csb.gov.tr (турски). Архивирано од изворникот на 2023-04-27. Посетено на 2023-04-27.
  7. „Erdoğan under fire as shoddy Turkish building standards exposed by earthquake“. Financial Times. 2023-02-14. Посетено на 2023-04-27.
  8. Buyuk, Hamdi Firat (2023-02-24). „Erdogan Allows Faster Quake Housing With Presidential Decree“. Balkan Insight (англиски). Посетено на 2023-04-27.
  9. „Türkiye Report 2022“. neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu (англиски). Посетено на 2023-04-27.