Мина Аганагиќ
Мина Аганагиќ е математичка физичарка родена во Босна, која работи како професор на Одделот за математика и Одделот за физика на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.
Кариера
уредиАганагиќ пораснала во Сараево, Босна и Херцеговина.[1] Таа дипломирала и докторирала на Калифорнискиот Институт за Технологија, во 1995 и 1999 година, соодветно; нејзин докторски советник бил Џон Хенри Шварц.[2] Таа била постдокторски соработник на одделот за физика на Универзитетот Харвард од 1999 до 2003 година. Потоа се приклучила на факултетот за физика на Универзитетот во Вашингтон, каде што станала соработник на Слоен[1] и исклучително добар помлад истражувач на ДОЕ.[3] Се преселила во УК Беркли во 2004 година. Во 2016 година фондацијата Симонс и ја доделила наградата Симонс Истражувач.[4]
Истражување
уредиТаа е позната по примената на теоријата на низа во разните проблеми во математиката, на пр. теорија на јазли (прочистената теорија на Черн-Симонс), енумеративната геометрија (тополошки вертекс), симетрија на огледалото и Геометријата на Ленглендсовата Кореспонденција.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Three profs win Sloan Research Fellowships“, UW Today, University of Washington, March 11, 2004
- ↑ Мина Аганагиќ at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ US Department of Energy Outstanding Junior Investigator Awards.
- ↑ „Simons Investigator Awards Announced“, News, Events and Announcements, American Mathematical Society, July 13, 2016, Посетено на 2017-09-20