Мимопластична уметност

Мимопластична уметност, познната и како атитудиизведбена уметност за приказ на уметнички дела со примена на мимика. Мимопластичната атитуда се разликува од живата слика поради нејзината имитација на класична скулптура.[1] Со мимопластичната уметност се прикажуваат уметнички дела, особено класични личности.[2]

Мимопластичната уметност како уметнички облик се смета дека се појавил со позирањето на Ема Хамилтон за сликарот Џорџ Ромни

Историја

уреди

Мимопластичната уметност била популаризирана од страна на Ема Хамилтон.[3] Нејзиниот уметнички облик веројатно се појавил со нејзиното позирање за сликарот Џорџ Ромни. Во 1787 година, Волфганг фон Гете запишал:

„... со неколку шамии, таа им дава голема разновидност на нејзините пози, гестури, изрази итн., така што гледачот едвај може да им верува на своите очи... Ова е сигурно: како изведба е нешто коешто го немате видено претходно во вашиот живот.“[4]

Овој уметнички облик бил особено популарен меѓу жените од високата класа во Европа во периодот од 1770 до 1815 година. Во тоа време, тие создавале мимопластична уметност во нивните домови.[5] Атитудите на Ида Брун биле проследени со позадинска музика и наративи.[6] Литературниот критичар Хенинг Фенгер сметал дека Бруновата „мимопластична уметност ја маѓепсала Европа“.[7] Други познати изведувачи на оваа уметност биле Хенриета Хендел-Шиц[8] и единствениот машки изведувач на атитуди Густав Антон фон Зекендорф.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Richter, Simon J. (1 August 2004). Goethe Yearbook 12. Camden House. стр. 310–. ISBN 978-1-57113-295-6.
  2. „Attitude and Shawl Dance“. The International Encyclopedia of Dance. Oxford Reference. Посетено на 27 април 2014.
  3. Pulham, Patricia (2008). Art and the Transitional Object in Vernon Lee's Supernatural Tales. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 70–. ISBN 978-0-7546-5096-6.
  4. Hatfield, Jackie; Littman, Stephen (2006). Experimental Film and Video: An Anthology. John Libbey Pub. стр. 102–. ISBN 978-0-86196-664-6.
  5. Crochunis, Thomas C. (24 February 2004). Joanna Baillie, Romantic Dramatist: Critical Essays. Routledge. стр. 212–. ISBN 978-1-134-42248-7.
  6. Preston, Carrie J. (5 September 2011). Modernism's Mythic Pose: Gender, Genre, Solo Performance. Oxford University Press. стр. 264–. ISBN 978-0-19-976626-0.
  7. Fenger, Henning (1971). Twayne's world authors series. Twayne Publishers. стр. 54.
  8. Carlson, Marvin (16 December 2013). Performance: A Critical Introduction. Routledge. стр. 91–. ISBN 978-1-136-49865-7.