Мими металургистот

„Мими металургистот ранет во честа“ (италијански: Mimì metallurgico ferito nell'onore) – филм на режисерката Лина Вертмилер (Lina Wertmüller) од 1972 година. Вертмилер е и авторка на сценариото. Главните улоги ги играат: Џанкарло Џанини (Giancarlo Giannini), Маријанџела Мелато (Mariangela Melato), Тури Феро (Turi Ferro), Агостина Бели (Agostina Belli), Лујџи Диберти (Luigi Diberti) и Елена Фјоре (Elena Fiore). Филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал со голем успех, а Џанини ја освоил италијанската филмска награда „Давид ди Донатело“ за најдобра главна машка улога. Филмот претставува интелигентна, динамична, сатирична и духовита политичка фарса во која се прикажуваат лицемерното општество, неморалот и криминалот кој ги зафатил сите општествени слоеви поради што поединецот е осуден на неизбежно губење на сите идеали. Покрај енергичната режија и одличните глумци, филмот се одликува и со ефектната фотографија на Дарио Ди Палма и со музиката на Пјеро Пичони.[1]

Синопсис

уреди

Добродушниот Кармело Мардоке, наречен Мими (го игра Џанини) е металуршки работник во еден мал град во Сицилија. Тој е незадоволен од својот скромен живот и од бракот со темпераментната Рослаија (ја игра Бели) со која живеат во куќата на нејзиниет родители. Мими е повлечен и искрен комунист, а откако на локалните избори одбива да гласа за влијателниот мафијаш Калогера (го игра Феро), набргу добива отказ од работата. Притиснат од сиромаштијата и од постојаните приговори на сопругата и семејството, Мими заминува во Торино во потрага по работа. Таму се вработува како градежен работник кај еден работодавач кој воопшто не води сметка за синдикалните права на работниците, а за кого Мими сфаќа дека е поврзан со мафијата. Набргу, Мими ја запознава убавата и млада комунистка Фјорела Менегини (ја игра Мелато) и веднаш се вљубува во неа...

Наводи

уреди
  1. Mimi metalac, talijanski film (пристапено на 11.6.2022)