Милош Трифуновиќ (фудбалер)

Милош Трифуновиќ[1][2] (роден на 15 октомври 1984 година) бил поранешен српски фудбалер.

Милош Трифуновиќ во дресот на ФК Јавор во 2008 година

Клупска кариера уреди

Откако настапувал за младинскиот тим на гигантот Црвена ѕвезда од Белград, Милош ја започнал својата сениорска кариера во помалите клубови како Рибница од Мионица и ФК Белград.[3]

Во летото 2004 година тој се преселил во црногорскиот клуб Јединство од Бијело Поље, каде што настапувал во наредните две години, од кои втората сезона 2005–06 клубот се натпреварувал во Првата лига на Србија и Црна Гора.

Во пролетта 2006 година, Трифуновиќ минал краток период во шведскиот клуб Карлштад Јунајтед БК, пред да потпише договор во наредната сезона за српскиот Суперлигашки клуб ФК Борац од Чачак. По шест месеци минати во клубот од Чачак, тој бил испратен како позајмен играч до крајот на сезоната во екипата на ФК Јавор. На крајот од тековната сезона го потпишал конечниот договор. Во екипата на Јавор, Трифинувовиќ останал до месец декември 2009 година, кога преминал во составот на Црвена ѕвезда, истиот клуб каде што ја започнал кариерата.

Од почетокот на 2011 година Милош Трифуновиќ бил позајмен играч во екипата на ФК Бунјодкор и тоа за период за целата сезона 2011 година. Подоцна, во јануари 2012 година тој преминал во кинескиот клуб Љаонинг Хувин. Во месец февруари 2014 година, Трифуновиќ се преселил во казахстанскиот клуб ФК Атирау.[4] По две години минати во Казахстан, во месец јули 2015 година се вратил во српската Суперлига и тоа во дресот на екипата на Раднички од Ниш.[5] Во месец септември 2015 година, потпишал за составот на Њукасл Џетс и тоа како странски играч.[6]

На 8 април 2016 година, Трифуновиќ се вратил во Казахстанската Премиер лига, потпишувајќи за екипата на ФК Ордабаши.[7] Два месеци подоцна, на 8 јуни 2016 година, Трифуновиќ го напуштил тимот на Ордабаши со заедничка согласност помеѓу двете страни.[8]

Еден месец подоцна, Трифуновиќ потпишал двегодишен договор со српската екипа на Војводина. По краткиот период во составот на Радник од Сурдулица на почетокот на 2017 година, Трифуновиќ во летото истата година се преселил во екипата на Младост од Лучани.[9] Во месец јули 2018 година Трифуновиќ преминал во екипата на АГМК. Во месец јануари 2019 година, Трифуновиќ преминал во составот на Рад од Белград и тоа на слободен трансфер.

Статистика во кариерата уреди

Клупска статостика уреди

Обновено на 3 декември 2017[10]
Одиграни натпревари, постигнати голови во различни сезони и во различни клубови
Клуб Сезона Лигашки натпревари Национален куп Континетални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Гоолови
ФК Црвена ѕвезда 2009–10 Српска Суперлига 11 2 2 3 13 5
2010–11 15 6 3 2 2 1 20 9
Вкупно 26 8 5 5 2 1 33 14
Бунјодкор (како позајмен играч) 2011 Узбекистанска Лига 25 17 3 2 7 3 35 22
Љаонинг Хувин 2012 Кинеска Супер Лига 24 8 4 4 28 12
2013 20 5 1 3 21 8
Вкупно 44 13 5 7 49 20
Атирау 2014 Казастанска Премиер Лига 32 13 2 2 34 15
2015 9 1 1 0 10 1
Вкупно 41 14 3 2 44 16
Раднички од Ниш 2015–16 Српска Суперлига 7 2 0 0 7 2
Њукасл Џетс 2015–16 A - Лига 22 9 0 0 22 9
Ордабаши 2016 Казастанска Премиер лИга 4 0 1 0 5 0
Војводина 2016–17 Српска Суперлига 12 2 0 0 4 0 16 2
Раднички од Сурдулица 8 5 0 0 8 5
Младост од Лучани 2017–18 29 8 3 3 2 0 34 11
Вкупно во кариерата 218 78 20 19 15 4 253 101

Клуска статистика уреди

Јавор Ивањица
  • Освоена е Српската прва лига: 2007–08
Црвена ѕвезда од Белград
  • Освоен е Купот на Србија (1): 2009–10
Бунјодкор
  • Освоена е Узбекистанска лига (1): 2011 година
Младост од Лучани
  • Второпласирани или Вицешампиони во Купот на Србија: 2017–18
ФК АГМК
  • Освоен е Купот на Узбекистан (1): 2018 година

Индивидуални успеси уреди

  • Член на тимот на годината во Узбекистанска лига (1): 2011 година
  • Најдобар стрелец во Узбекистанската лига (1): 2011 година

Наводи уреди

  1. „mȉo“. Hrvatski jezični portal (српскохрватски). Посетено на 2018-03-17. Mìloš
  2. „Trȉfūn“. Hrvatski jezični portal (српскохрватски). Посетено на 2018-03-17. Trifúnović
  3. „Trifunovic, Milos“. srbijafudbal.com (српски). Посетено на 22 June 2017.
  4. „Trifunović u Kazahstanu, društvo mu prave Blažić i Tutorić“ (српски). sportal.rs. 26 February 2014. Архивирано од изворникот на 10 December 2014. Посетено на 20 November 2014.
  5. „Trifunović novi fudbaler Radničkog“ (српски). realsanisave.rs. 14 July 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 14 July 2015.
  6. „A-League transfer: Jets confirm Serbian striker“. Football Federation Australia. 24 September 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2022-02-06.
  7. Милош Трифунович подписал контракт с Ордабасы. fcordabasy.kz (руски). FC Ordabasy official website. 8 April 2016. Архивирано од изворникот на 2016-04-19. Посетено на 8 April 2016.
  8. ФК "Ордабасы" по обоюдному согласию расторг контракт с Милошем Трифуновичем.. fcordabasy.kz (руски). FC Ordabasy official website. 8 June 2016. Архивирано од изворникот на 2018-12-23. Посетено на 8 June 2016.
  9. Лучанци искористили клаузулу у уговору Трифуновића и ангажовали га!. Sportski žurnal (српски). 17 June 2017. Посетено на 22 June 2017.
  10. „M.Trifunović“. int.soccerway.com. Soccerway. Посетено на 8 April 2016.

Надворешни врски уреди