Милош Веселиновиќ

фудбалер

Милош Веселиновиќ (роден на 12 ноември 1979 година) бил поранешен српски фудбалер, а од неодамна помошен тренер во екипата на Вотфорд.

Кариера

уреди

По младинската кариера во екипата на Црвена ѕвезда, Веселиновиќ потпишал долгорочен договор со сениорскиот тим на Црвена ѕвезда. Директорот на тимот Драган Џајиќ поради возраста решил да го испрати талентираниот член на неговиот тим како позајмен играч во клубови од 1 дивизија (втора лига). По една сезона мината во екипата на ФК Бор и една во составот на ФК Лозница, Веселиновиќ заминал на позајмица во уште еден тим, екипата на ФК Јединство Уб. Поради тешката повреда на коленото таа сезона, тој решил да ја заврши предвреме својата кариера.

Тренерска кариера

уреди
Раднички Обреновац

Речиси шест месеци откако завршил со играње, Веселиновиќ ја започнал својата кариера како помошен тренер на играчи од 7 годишна возраст во младинскиот систем во екипата на ФК Раднички од Обреновац. Помеѓу 2002 и 2006 година тој бил тренер за тимовите до 7, до 9, до 11, до 13 и до 15 годишна возраст. Во сезоната 2006-07 Веселиновиќ бил промовиран во помошник тренер на сениорско ниво. На само 26 години, во сезоната 2007-08, управниот одбор го назначил за главен тренер, а на таа позиција останал сѐ до зимата 2014 година. Во сезоната 2011–12 истовремено бил директор за фудбал на младинските конкуренции и главен тренер на сениорскиот тим.

За цело време минато во екипата на Раднички од Обреновац, клубот настапувал во 2 лига на Србија (3 ниво) и бил единствениот непрофесионален клуб од Србија кој трансферирал играчи во други клубови кои биле од сериозно фудбалско ниво. За време на неговиот мандат како главен тренер, екипата на Раднички од Обреновац трансферирала околу 10 играчи, од кои најпознати биле: Радосав Петровиќ во Партизан, Филип Ѓуричиќ во Херенфен и Ален Стевановиќ во Интер.

Инѓија

Милош Веселиновиќ, кој поседувал УЕФА Про тренерска лиценца, бил назначен на 17 јануараи 2014 година за главен тренер во екипата ФК Инѓија. Во тој момент ФК Инѓија била последна на табелата во Првата лига на Србија со само 11 бодови, дури 7 бода помалку од позицијата за надвор од испаѓање. ФК Инѓија во втората полусезона освоила вкупно 26 поени од 15 натпревари, а тимот имал 7 последователни победи на домашен терен во низа.

Во сезоната 2014-15 ФК Инѓија завршила на 5то место на табелата и го афирмирала играчот Закарија Сурака, млад фудбалер од Гана, кој по таа сезона бил продаден на ФК Радник од Сурдулица. Во втората полусезона 2014-15, ФК Инѓија ја повторила истата последователна серија од 7 победи на домашен терен по ред.

Радник Сурдулица

Првата сезона во српска Суперлига во историјата на клубот не започнала најдобро за Радник Сурдулица. По само една победа во првите 8 натпревари, УО (управен одбор) на клубот меѓусебно се согласил да го раскине договорот со тренерот Младен Милинковиќ и да го назначи младиот Веселиновиќ за главен тренер. По неговиот пораз на првиот натпревар против екипата на ФК Чукарички со резултат од 0:2, екипата на Радник од Сурдулица имала последователна серија од 9 натпревари без пораз, вклучително и спектакуларното враќање против составот на ФК Партизан по резултат од 0:2 на полувремето. Потоа, екипата на Радник Сурдулица континуирано забележувала добри резултати и по регуларниот дел од сезоната клубот се квалификувал во плејофот за српската Суперлига бидејќи го освоиле 8то место на табелата.

Макаби Тел Авив

На 23 мај 2018 година, Веселиновиќ му се приклучил на израелскиот прволигаш Макаби Тел Авив како помошник тренер на тренерот Владимир Ивиќ. Од Тел Авив заминал на 1 август 2020 година.

Вотфорд

На 15 август 2020 година, Веселиновиќ му се приклучил клубот од Чемпионшип лигата Вотфорд како помошник тренер на Владимир Ивиќ. Неговото заминување од клубот било најавено на 19 декември 2020 година.[1]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди