Милан Раставац
Милан Раставац (роден на 1 ноември 1973 година) е српски фудбалски тренер и поранешен играч. Моментално тој е актуелен менаџер на грчкиот суперлигашки клуб Астерас од Триполис.
Професионална кариера
уредиМилан Раставац играчката кариера ја започнал во младинската екипа на Војводина. За време на неговата играчка кариера, неговиот најголем успех бил во сезоната 1988-1989. Настапувал за репрезентацијата на Југославија до 16 години (У16) додека на раководната позиција бил тренерот Мирко Јозиќ. Од 1990-1991 година Раставац бил во екипата на ФК Војводина, поточно во составот до 19 години која била шампион на СФР Југославија под палката на тренерот Илија Пантелиќ. По една сезона мината во екипата на Динамо од Панчево, тој се преселил во клубот Младост од Бачки Јарак, прволигашки член на државата Србија и Црна Гора. Во тој клуб, во 1999 година ја завршил професионалната кариера на само 26-годишна возраст.
Тренерска кариера
уредиПочетоци
уредиМилан Раставац ја започнал својата тренерска кариера како помошен тренер во сениорскиот тим на Ал-Наср Бенгази заедно со Тодор Веселиновиќ како главен тренер. Работел како тренер на младинците на екипата на Нови Сад и тоа со различни возрасни групи од У15 до У19 за период од пет години. Во сезоната 2004-2005 го освоил Купот на Војводина со екипата на Нови Сад со возрасната група до 17 години.
ФС Србија (Фудбалски сојуз на Србија)
уредиВо 2006 година тој започнал да работи за Фудбалскиот сојуз на Србија како инструктор во различни возрасни групи, и тоа од У12 до У16.[1] На таа позиција останал до 2013 година. Како раководител на инструкторската екипа бил еден од креаторите на различни програми за различни возрасни групи на ФС на Србија. Во 2007 година станал предавач во тренерската академија на УЕФА предвидена за ФС на Србија. Од 2013-2014 година бил член на стручниот комитет на ФС на Србија.
ВУ19 Србија (Женска селекција до 19 години)
уредиВо групата за практични програми и за имплементација тој раководел со женската фудбалска репрезентација на Србија до 19 години и бил тренер во женската А репрезентација во периодот од 2010-2013 година. Во 2011 година заедно со репрезентацијата го освоил првиот историски бод во елитната фаза за евроквалификациите. Во 2011 година репрезентацијата на Србија била во финалето на ЕУРО за ВУ19. Тоа бил прв и единствен пат во историјата на Србија за ВУ19.[2] Во 2013 година репрезентацијата на Србија ВУ19 била тим со најдобар резултат кога се работи за конкуренција на постигнати голови во евроквалификациите, со повеќе од 6 гола по натпревар.
Олимпија
уредиВо 2013 година Раставац работел како помошен тренер во екипата на Олимпија од Љубљана (Словенија) додека главен тренер бил Милорад Косановиќ.
Војводина
уредиВо 2014 година, тој работел како помошен тренер во составот на Војводина[3] (Србија), додека прв тренер бил Зоран Мариќ. Во текот на првата полусезона екипата на Војводина го постигнала најдобриот старт на сезоната во 100-годишната клупска историја.[4]
Раднички
уредиВо 2015 година неговиот прв ангажман како главен тренер бил во српскиот Суперлигашки клуб ФК Раднички од Ниш.[5] Под раководство на Раставац, екипата на Раднички постигнала најдобар полусезонски резултат во изминатите 33 години и воедно имале најмалку примени голови (6) по полусезоната во клупската историја. Тој направил голем резултатски континуитет и двапати го освоил 5то место во лигата, првиот пат во сезоната 2015/16 и вториот пат во сезоната 2016/17.[6]
Србија У23
уредиВо месец декември 2015 година започнал да работи како селектор на репрезентацијата на Србија за возраст до 23 години. Во пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Катар, селекцијата на Србија победила со резултат од 3:0.[7]
Ксанти
уредиОд 12 јуни 2017 година Милан Раставац започнал да работи како тренер на Суперлигашот од Грција, екипата на ФК Ксанти.[8]
Тренерска статистика
уредиОд 2 февруари 2022 година
Тим | Држава | Период од | до период | Вкупно
одиграни натпревари |
Победени натпревари | Нерешени натпревари | Изгубени натпревари | Победи во % |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Раднички | Србија | 11 март 2014 | 31 мај 2017 | 104 | 40 | 28 | 36 | 38.46 |
Србија У23 | Србија | 1 декември 2015 | 30 јуни 2016 | 10 | 6 | 4 | 0 | 60.00 |
Ксанти | Грција | 12 јуни 2017 | 18 мај 2019 | 60 | 19 | 20 | 21 | 31.67 |
Астерас Триполис | Грција | 5 декември 2019 | сега | 92 | 32 | 30 | 30 | 34.78 |
Вкупно во кариера | 266 | 97 | 82 | 87 | 36.47 |
Наводи
уреди- ↑ „Imenovani instruktori FSS“.
- ↑ „Serbia team guide“. April 2012.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-05-17. Посетено на 2022-02-09.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-05-17. Посетено на 2022-02-09.
- ↑ http://www.mozzartsport.com/vesti/milan-rastavac-meraklijski-gospodin-posebni-i-celsi-sa-nisave/98578
- ↑ „Спортски Журнал“.
- ↑ „Rastavac startovao pobedom: Katar – Srbija 0:3 | MediaPress“. Архивирано од изворникот на 2022-02-09. Посетено на 2022-02-09.
- ↑ „Η ΠΑΡΟΥΣΙΑΣΗ ΤΟΥ ΜΙΛΑΝ ΡΑΣΤΑΒΑΤΣ – Xanthi F.C. – Official Website“. Архивирано од изворникот на 2022-02-09. Посетено на 2022-02-09.