Милан Апостоларски
Милан Апостоларски или Постоларски (? — 1944) — македонски револуционер, член и струмички војвода на Македонската револуционерна организација.[1]
Милан Апостоларски | ||
Роден | Постолар, Кукушко | |
---|---|---|
Починал | 1944 Орман, Петричко |
Животопис
уредиМилан Апостоларски е роден во селото Постолар, Кукушко. Се вклучил во Организацијата и станал четник кај војводата Георги В'ндев. Во 1925 година бил назначен за војвода на Организацијата во Струмичко, каде одел чета од 14 души, заедно со Јосиф Киров, кој имал 18 четници. По убиството на Александар Протогеров, Апостоларски застанал на страната на Иван Михајлов.
Убиен е во селото Орман, Петричко, во септември 1944 година.
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11