Замокот Микуловзамок во гратчето Микулов во Јужноморавскиот крај во Чешка. Замокот стои на место на една историска словенска населба, каде од крајот на 13 век бил подигнат првобитниот камен замок. Сегашниот замок е резултат на реконструкција во 1719-1730 година под кнезовите на Дитрихштајн. Крајот на Втората светска војна значел целосна катастрофа за замокот, бидејќи бил уништен од пожар чие потекло е нејасно.[1]

Замокот Микулов.
Замокот Микулов.

За време на војната, антрополошката збирка од Моравскиот земски музеј била преместена во замокот Микулов заради чување. Многу од најважните откритија од Пршедмости у Пршерова, Долни Вестонице и Младечките Пештери биле уништени од пожарот.[2]

По обемната реконструкција во 1950-тите, замокот станал седиште на Регионалниот музеј во Микулов, каде биле сместени уметнички и историски збирки, вклучително и артефакти поврзани со историјата на месното производство на вино. Ренесансното буре со вино, кое датира од 1643 година и едно од најголемите, 1,014 хектолитри, вински буриња во Средна Европа, е изложен.

Наводи

уреди
  1. „Chateau history“. Town of Mikulov. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 22 јануари 2022.
  2. Frayer, David W.; и др. (2006). „Chapter 9: Aurignacian male crania, jaws and teeth from the Mladecˇ Caves, Moravia, Czech Republic“. Во Teschler-Nicola, Maria (уред.). Early Modern Humans at the Moravian Gate: The Mladecˇ Caves and their Remains. Springer-Verlag. ISBN 978-3-211-23588-1.

 

Надворешни врски

уреди

48°48′23.4″N 16°38′09.9″E / 48.806500° СГШ; 16.636083° ИГД / 48.806500; 16.636083