Микеле Фереро (26 април 1925 – 14 февруари 2015 година) бил италијански стопанственик милијардер. Бил сопственик на производителот на чоколади Фереро СпА, втората по големина кондиторска компанија во Европа (во времето на неговата смрт),[2] која ја развил од малата пекара и кафуле на неговиот татко во Алба, Пиемонт. Неговиот прв голем успех бил додавањето растително масло во традиционалната паста џандуја за да го направи популарниот намаз Нутела.[3]

Микеле Фереро
Податотека:Michele Ferrero.jpg
Роден(а)26 април 1925(1925-04-26)
Доглиани, Пиемонт, Италија
Починал(а)14 февруари 2015(2015-02-14) (возр. 89)
Монте Карло, Монако
ДржавјанствоИталијанец
ЗанимањеСопственик на Фереро СпА
Познат(а) поНутела, Мон Шери, Чоколадото Кинер, Фереро Рошер, Тик Так, Кидер јајцата
СопружникМарија Франка Фисоло[1]
ДецаПјетро
Џовани
РодителиПјетро Фереро
Пиера Киларио
Страница
ferrero.com
Плоштадот Микеле Фереро во Алба, Италија

Ран живот

уреди

Микеле Фереро бил роден на 26 април 1925 година во Дољани, син на Пјетро Фереро, кој ја основал компанијата Фереро и неговата сопруга Пјера Киларио.

Кариера

уреди

Фереро се приклучил на фирмата во 1949 година.[4]

Тој бил најбогатиот човек во Италија, со лично богатство од 26 милијарди долари што го надминал Силвио Берлускони во март 2008 година. Во мај 2014 година, индексот на милијардери на Блумберг го навел Фереро како 20-та најбогата личност во светот.[5]

Брендовите на Фереро вклучуваат Нутела, Мон Шери, чоколадата Киндер, Фереро Рошер, Тик так, и Киндер јајцата.

Од 1997 година, неговите синови, Џовани Фереро и Пјетро Фереро, заедно ја воделе компанијата.[6][7] Откако Пјетро починал на 18 април 2011 година, во несреќа во Јужна Африка, Џовани станал единствен извршен директор.

Личен живот

уреди

Фереро се оженил со Марија Франка Фисоло во 1962 година и заедно имале два сина, Џовани Фереро и Пјетро Фереро Џуниор.

Тој бил жесток католик. Фереро го посетувал светилиштето Лурд еднаш годишно, и имал поставена Мадона во секоја фабрика и канцеларија.[4] Фереро починал на 14 февруари 2015 година, во неговиот дом во Монте Карло, Монако. Имал 89 години.[8][9][10]

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име history.
  2. Various (30 October 2015). Hachette Children's Yearbook& Infopedia 2016. Hachette India. стр. 37. ISBN 978-93-5195-041-7.
  3. „Sweet secrets“, The Economist: 90, 21 February 2015
  4. 4,0 4,1 Hooper, John (28 October 2011). „Ferrero unwrapped: Italy's secretive confectioner opens its doors“. The Guardian. Посетено на 14 February 2015.
  5. „Bloomberg Billionaires Index“. Bloomberg LP. Архивирано од изворникот на December 14, 2012. Посетено на December 3, 2012.
  6. Ferrero SpA – Company History.
  7. „#22: Michele Ferrero & family“. Forbes. March 3, 2014. Посетено на September 2, 2019.
  8. La Stampa
  9. Rhodan, Maya (15 February 2015). „World's Richest Candy Maker and Nutella Founder Died on Valentine's Day“. Time.
  10. „Cattedrale gremita per la Messa in memoria di Michele Ferrero - Gazzetta d'Alba - Dal 1882 il settimanale di Alba, Langhe e Roero“. Gazzettadalba.it. Посетено на 2016-05-19.