Миа Блажевска Еминова

македонская пловчиха

Миа Блажевска Еминова (р. 4 август 2005) — македонска пливачка која се натпреварувала на Летните олимписки игри 2020 година во дисциплината 100 метри слободно за жени. Таа, исто така, се натпреварувала на Европското првенство во 2020 година на 50 метри слободно, 100 метри слободно, 50 метри грбно и 100 метри грбно.[1]

Таа има најдобар резултат меѓу најдобрите македонски пливачки (741 ФИНА поени), постигнат во Белград, на 20 јуни 2021 година. Миа на овој меѓународен митинг, на трката на 100 метри – слободно, постигнала време од 57,13 секунди, резултат со кој го стекнала правото да се натпреварува на Летните олимписки игри во Токио. Миа има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.

Има поставено повеќе од 50 национални рекорди и е повеќекратен национален шампион во нашата држава. Во 2019 и во 2020 година е прогласена за најуспешна пливачка во Македонија. На Комен купот во Бургас има освоено две четврти места, а исто така четврто место и во Нови Сад, на централното европско првенство.

Наводи

уреди
  1. „Swimming BLAZHEVSKA EMINOVA Mia - Tokyo 2020 Olympics“ Проверете ја вредноста |url= (help). .. (англиски). Посетено на 2021-07-26.[мртва врска]