Меѓународно здружение за геодезија
Меѓународно здружение за геодезија (МЗГ/IAG) ― конститутивно здружение на Меѓународниот сојуз за геодезија и геофизика.
Основана | 1886 |
---|---|
Вид | Учено друштво |
Цел | напредок во геодезијата |
Седиште | Масала, Финска |
Матична организација | Меѓународен сојуз за геодезија и геофизика |
Мреж. место | iag-aig.org |
Преглед
уредиПретходниците на МЗГ биле кампањи за мерење на лакот. МЗГ е основано во 1862 година како Средноевропско мерење на лакот (германски: Mitteleuropäische Gradmessung), подоцна станало Европско мерење на лакот (германски: Europäische Gradmessung) во 1867 година, Меѓународно геодетско здружение (германски: Internationale Erdmessung; француски: Association Geodésique Internationale; англиски: International Geodetic Association) во 1886 година, и го добило своето денешно име во 1946 година.[1][2]
Во моментов има 4 комисии и еден меѓукомисиски комитет:
- Референтни рамки
- Гравитациско поле
- Геодинамика и земјино вртење
- Давање положба и примени
- Меѓукомисиски комитет за теорија
Светскиот геодетски систем за набљудување (СГСН/GGOS) е набљудувачка рака на МЗГ која се насочува на докажување на геодетската инфраструктура за мерење на промените во обликот на Земјата, вртењето и распределбата на масата.[3][4] Меѓународната служба на СНСС/GNSS (МСС/IGS), дел од СГСН, архивира и обработува податоци на СНСС од целиот свет.[5] Податоците од МСС се користени во референтната рамка за 2021 година (G2139) на WGS84.[6]
Весник
уредиМЗГ го спонзорира Journal of Geodesy, објавен од Springer.[7]
Поврзано
уреди- Карлос Ибањез е Ибањез де Иберо - претседател на Меѓународното геодетско здружение и прв претседател на Меѓународниот комитет за тежини и мерки
- Јохан Јакоб Бајер - основач на Средноевропско мерење на лакот (Mitteleuropaïsche Gradmessung)
- Историја на геодезијата
- Историја на метарот
- Меѓународна геодетска студентска организација
- Секундско нишало
Наводи
уреди- ↑ Torge, Wolfgang (2015). „From a Regional Project to an International Organization: The "Baeyer-Helmert-Era" of the International Association of Geodesy 1862–1916“. IAG 150 Years. International Association of Geodesy Symposia (англиски). 143. Springer, Cham. стр. 3–18. doi:10.1007/1345_2015_42. ISBN 978-3-319-24603-1.
- ↑ Soler, T. (1 февруари 1997). „A profile of General Carlos Ibáñez e Ibáñez de Ibero: first president of the International Geodetic Association“. Journal of Geodesy (англиски). 71 (3): 176–188. Bibcode:1997JGeod..71..176S. doi:10.1007/s001900050086. ISSN 1432-1394.
- ↑ Plag, H.-P.; Pearlman, M. (2009). Global geodetic observing system meeting the requirements of a global society on a changing planet in 2020. Berlin: Springer. стр. 1–13. ISBN 978-3-642-02687-4.
- ↑ „GGOS - Global Geodetic Observing System - About“. 176.28.21.212. IUGG. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 17 септември 2023.
- ↑ Johnston, Gary; Riddell, Anna; Hausler, Grant (2017). „The International GNSS Service“. Springer Handbook of Global Navigation Satellite Systems. стр. 967–982. doi:10.1007/978-3-319-42928-1_33.
- ↑ „(U) Recent Update to WGS 84 Reference Frame and NGA Transition to IGS ANTEX“ (PDF). Посетено на 17 септември 2023.
- ↑ Kusche, Jurgen. „New Guidelines for Manuscript Submission to the Journal of Geodesy“. IAG Homepage. IAG.
Општи наводи
уреди- Drewes, Hermann; Kuglitsch, Franz; Adám, József; Rózsa, Szabolcs (2016). „The Geodesist's Handbook 2016“. Journal of Geodesy. 90 (10): 907–1205. Bibcode:2016JGeod..90..907D. doi:10.1007/s00190-016-0948-z.
- IUGG Report Архивирано на 26 мај 2013. (2012) pg 47-50