Меѓународен природен парк Дуеро
Меѓународниот природен парк Дуеро (шпански: Parque natural del Duero Internacional; португалски: Parque Natural do Douro Internacional) ― еден од тринаесетте природни паркови во Португалија. Сместен е во општините Миранда до Доро, Могадоро, Фигуеира де Еспада а Синта и Фигеира де Кастело Родриго, опфаќајќи долга област долж реката Дуеро, каде што функционира како граница помеѓу Португалија и Шпанија (оттука и „Меѓународен Дуеро“). Паркот исто така ја опфаќа граничната област на реката Агеда. Паркот бил создаден за да го заштити сценскиот предел на регионот, како и неговата флора и фауна.