Метална врска
Металната врска е хемиска врска која ги поврзува атомите во металите. Таа ја вклучува делокализираната поделба на слободните електрони низ решетката од метални атоми. Како резултат на ова, металните врски можат да се споредат со стопени соли.
Металните атоми обично содржат голем број на електрони во нивната валентна обвивка споредено со нивната периода или енергетско ниво. Овие електрони постануваат делокализирани и образуваат море од електрони, притоа обиколувајќи голема решетка од позитивни јони (катјони).
Металите имаат поголеми точки на вриење и топење, што може да укажува на посилните врски меѓу атомите.
Металното поврзување е неполарно, така што не постои (кај чистите метали) или постои многу мала (кај легурите) разлика во електронегативноста меѓу атомите кои учествуваат во врската. Електроните, пак, вклучени во ваквата врска се делокализирани низ кристалната структура на металот.
Металната врска е причина за многу физички одлики на металите, како јакоста, ковливоста, растегливоста, топлоспроводливоста, електроспроводливоста и сјајот на металот.
Метална врска е всушност електростатичкото привлекување меѓу металните атоми или јони и делокализираните електрони. Токму затоа атомите или групациите се лизгаат еден покрај друг, што резултира во карактеристичните својства на ковливост и растегливост.
Металните атоми имаат барем еден валентен електрон, тие не ги делат овие електрони со соседните атоми, ниту пак ги губат електроните за да образуваат јони. Наместо тоа, надворешните енергетски нивоа на металните атоми се преклопуваат. Тие се како ковалентни врски.