Менливост (биологија)
Во биологијата, менливоста е еден од најважните фактори на еволуцијата, што се јавува како причина за големата разнообразност во живата природа.
Кај живите организми разликуваме ненаследна или фенотипска менливост и наследна или генотипска менливост.
Во ненаследната менливост се опфатени измените што се појавуваат во текот на поединечниот развиток на организмите под влијание на факторите на животната средина и кои при половото размножување не се пренесуваат на потомството, бидејќи не се задржуваат.
Во наследната менливост се опфатени измените на својствата и особините на организмите што не се губат, а се пренесуваат на потомството.
Според ова, во ненаследната менливост, измените на организмите се фенотипски, а во наследната тие се генотипски.