Менливи зборови

(Пренасочено од Менливи Зборови)

Менливите зборови може да претрпуваат промени, односно со додавање претставки и наставки го менуваат своето граматичко значење. На пример: на именката „врата“ може да ѝ додадеме разни граматички значења: врати (множина), вратата, вратава, вратана (определеност), итн. Менливи зборови се: именки, придавки, заменки, броеви и глаголи.

Именки

уреди

Именки се зборови кои опишуваат предмети, појави или пак означуваат имиња на лица или определени предмети. Зборот именка потекнува од латинскиот збор „nomen“ што значи име. Поради тоа се делат на:

  • општи (имиња на предмети, суштества, означува материјални)
  • лични (имиња на лица или географски поими, имиња на празници, имиња на институции)

Сопствените или личните именки се пишуваат со голема буква. Според тоа дали да ги допреме предметите или појавите именките ги делиме на:

  • конкретни (оние кои можеме да ги допреме, материјални)
  • апстрактни (означуваат имиња на нематеријални појави или предмети)

Во македонскиот јазик именките имаат род (машки, женски, среден род) Родот во именката не може да се измени. Именките имаат и број (еднина и множина)

Сопствените именки се во еднина, а има именки кои имаат само множина (ножици, панталони).

Придавки

уреди

Придавките се зборови кои даваат некоја одлика на определениот предмет т.е. ги опишуваат предметите, суштествата и појавите. Тие се скоро секогаш во тесна врска со именките, многу ретко стојат самостојно.

Пример:

убаво дете;
лошо момче;

Поради тоа придавката е во ист род како и бројот на именката која ја опишува

Пример:

жена (ж.род) - еднина
убава (ж.род) - еднина

Според значењето придавките се делат на:

  • описни (голем, мал, зелен)
  • односни (мајкин, селска, градска)
  • бројни (петти, стоти)
  • заменски (мој, твој, никаков)

Описните придавки исто така имаат и степен. Пример:

добар
подобар
најдобар

позитив-->компаратив-->суперлатив

добар--->по+добар--->нај+добар

Заменки

уреди

Заменки се зборови кои ги заменуваат именките. Потекнува од латинскиот збор pronomen.

Именките во следната реченица може да се заменат со заменки:

Пример: Марија му го дала моливот на Петар. Таа му го дала тоа на него, меѓутоа тука не знаеме за кого станува збор. Според тоа што заменуваат постојат повеќе вида на заменки:

  • лични
  • прашални
  • лично-предметни
  • општи
  • повратни и др.

Лични заменки

уреди

Лични заменки се зборови кои заменуваат имиња на лица. Лични заменки се:

  1. Јас
  2. Ти
  3. Тој, Таа, Тоа
  1. Ние
  2. Вие
  3. Тие

Глаголи

уреди

Глаголот е збор кој означува дејство, или некоја состојба. Македонскиот збор Глагол потекнува од старословенскиот „глdголи“, што значи „зборува“. Глаголите разликуваат:

  • род,број,време

Според тоа кога се врши дејството разликуваме:

  • сегашно време;
  • минато време;
  • идно време;

Броеви

уреди

Броеви се зборови што означуваат количини. Тие разликуваат род (машки,женски и среден род). Постојат:општи, редни или броеви со приближна бројност.

Општи броеви

уреди

Општи броеви се од 1 до 10 (и нула), од 10 до 20 се додава -наесет.

Пример:11-единаесет

Помеѓу десетките се додава сврзник „И“

25 - Дваесет и пет

Стотките- се додава стотини на основниот број

Пр: 400 - четиристотини

Редни броеви

уреди

За 1,2,3 -> прв, прва, прво /втор, втора, второ /трет, трета, трето

За 4,5,6 итн. -> ти, та, то Пр: Четврти, деветти Ако бројот завршува на Т -> има 2т.

десет->десетти
девет->деветти

Броеви со приближна бројност

уреди

Двајца-тројца; два-три; стотина (со наставката -ИНА)

или два-тринаесет

единица+бројот (кај броевите поголеми од 10)

Од простите броеви од 1 до 10 и 100 со додавање на наставките се добиени други броеви:

десетките -> единица+десет
30 (три+десет) триесет
стотките -> двесте, триста, четиристотини, петстотини, шестотини, седумстотини, осумстотини, деветстотини.

(со помош на сто)

од 10-19 -> со на 11 (еден+на+десет=единаесет)

од 20 нагоре -> со и 25 (дваесет и пет)