Мемнон (старогрчки: Μέμνων) - митолошки крал на Етиопија, син на Аврора и Титон. Татко му го испратил во Тројанската војна на страната на Тројанците. Таму, Мемнон загинал во борба со Ахил. Познат е неговиот кип крај Теба кој, штом ќе паднеле првите сончеви зраци, прозиведувал убави звуци со кои Мемнон ја поздравувал мајка си Аврора.[1]

Заминувањето на Мемнон за Троја, грчка вазна, околу 550-525 п.н.е., Кралскиот музеј на уметноста и историјата, Брисел

Мемнон како мотив во уметноста

уреди
  • „Исечок од грчка ваза од VI век која го претставува Еос како го оплакува убиоениот Мемнон“ - песна на полскиот поет Мирон Бјалошевски.[2]

Наводи

уреди
  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 112.
  2. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 215.