Јакната Меклауд била многу популарна во осумдесеттите години. Иако е валидна транслитерација на презимето McCloud, во колоквијалниот говор, па дури и во печатените медиуми во тие години се појавил обликот Меклауд и останал во паметење и во говор. Посредно изговорот се пренел и на изразот за Меклауд јакната што не ги прекинува валидните правила за изговорот на англиските имиња туку е сведоштво за една интересна појава. Го добила името по шерифот Меклауд, главниот јунак од серијата „Шериф од Њујорк“.[1] Јакната е кожна со кафеава боја, со ревери од крзно. Јакната е изработена од повеќе големи парчиња од кожа кои се вшиени и на предниот и задниот дел, нетипични за другите модели на јакни. Најчесто се изработува во светлокафеава боја, но постојат и модели во различни нијанси на кафеава боја.[2]

Наводи

уреди
  1. Preminuo Denis Viver, čuveni šerif Meklaud
  2. „Различити дезени Меклауд јакне“. Архивирано од изворникот на 2012-11-25. Посетено на 2018-07-11.