Мека превлака
Мека превлака или мек лак - (фр. vernis mou), графичка техника во длабок печат.
Историја
уредиЗа првпат била применета во Фрнција кон крајот на XVII и почетокот на XVIII век.
Кон крајот на XIX век, оваа техника ќе го доживее својот процут, бидејќи со својата изразност била блиска до принципите на импреионизмот.
Во оваа техника работеле: Пјер Огист Реноар, Едгар Дега, Шарл-Франсоа Добињи, Мери Стивенсон Касат, Томас Гејнсборо, Кете Колвиц и други.
Меката превлака, во изразот е слична на цртежи изработен со молив или јаглен и се одликува со мека, живописна, зрнеста структура[1].
Метод
уредиПрво, металната плоча се премачкува со масна подлога, најчесто восок. Врз плочата потоа се става зрнеста хартија а цртежот се нанесува врз неа со притисок од поостар молив.
Поради притисокот на моливот, честичките од плочата се лепат на хартијата. По ова, плочата се нагризува со азотна киселина или раствор на железен хлорид. Киселината делува врз плочата само на местатата на кои хартијата го впила лакот - восокот, од притисокот со моливот. По завршувањето на процесот на нагризување, лакот се мие и се отстранува со топла вода, на плочата се нанесува печатарска боја која останува на местата каде што првобитно моливот ја одмастил површината и се печати на преса за длабок печат[2],[3]
Галерија
уредиЛитература
уреди- Алеш Крејча - „Техника на графички умеења“, - „Артиа“, Прага 1981
- Јиндрих Марко - „ За графиката: и постапките при нејзиното создавање“, - „Млад фронт“ Прага, 1981
- Волкер Стеинбахер: Атеље, гравирање, печатење, боење - Висбаден 2006, ISBN 3-8241-1337-6.
Надворешни врски
уреди- Ondřej Michálek: Kapitoly z černého umění. Přehled grafických technik a některých průmyslových technologií tisku. Měkký kryt s. 74-76, Univerzita Palackého v Olomouci, 2014
- Concepcion Saez del Alamo: Aportaciones al grabado a color en talla a traves del proceso de la Zieglerografia, Bilbao 1989
- Encyclopedia Brittanica: Soft-ground etching
- Charlotte Reine, L´Atelier Canson: Faire une gravure au vernis mou avec incrustations
Наводи
уреди- ↑ „Vernis Mou“. Архивирано од изворникот на 2017-05-29. Посетено на 2019-10-01.
- ↑ Auguste_Delatre[мртва врска]
- ↑ [ http://www.annajeretic.com/textes/La-plaque-de-cuivre.pdf./[мртва врска] La-plaque-de-cuivre]