Мекин (атол)

(Пренасочено од МекКин (остров))

Мекин или МекКин (кирибатски и англиски: McKean) е мал ненаселен атол во Кирибати. Атолот е дел од Островите Феникс. Атолот има површина од 57 хектари. На атолот нема извор на свежа вода.

Брегот на островот Мекин.
Јато фрегати на Мекин.
Карта на Островите Феникс.

Историја

уреди

Мекин бил првиот атол од Островите Феникс кој бил документиран и именуван од Европејците. Островот бил „откриен“ на 28 мај 1794 година од британскиот капетан Хенри Барбер кога пловел од Нов Јужен Велс кон САД.[1] Првично островот бил именуван како Драмондс Ајленд.[2] Тогаш било забележано дека островот е мал и песочен и не може да се види од палубата на бродот на оддалеченост од 6 милји.[3] Подоцна островот бил именуван како Артур Ајленд. Името Мекин било дадено од американскиот командир Чарлс Вилкс во чест на еден човек од неговиот екипаж на 19 август 1840 година. САД и Британија тврделе дека островот бил под нивна управа. Островот станал дел од независни Кирибати со прогласувањето на независноста и потпишувањето на договорот со САД.

Наводи

уреди
  1. Quanchi & Robson, p 11.
  2. Maude, p 109.
  3. The Albany Sentinel, 28.8.1797, quoted in Maude, p 109.
  • Maude, HE: Of islands and men: studies in Pacific history. Melbourne [u.a.] : Oxford Univ. Pr., 1968
  • Quanchi, Max & Robson, John, (2005); Historical Dictionary of the Discovery and Exploration of the Pacific Islands, USA: Scarecrow Press, ISBN 0810853957
  • Sharp, Andrew (1960); The Discovery of the Pacific Islands, Oxford:Oxford University Press,
  • Bryan, Edwin H.: American Polnesia and the Hawaiian Chain. Honolulu., Hawaii: Tongg Publishing Company, 1941 pages 66–69.
  • United Nations United Nations Environment Programme Архивирано на 12 март 2007 г. TIGHAR TIGHAR Архивирано на 8 јануари 2010 г.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

3°36′S 174°07′W / 3.600° ЈГШ; 174.117° ЗГД / -3.600; -174.117