Медиумска организација за Југоисточна Европа

Медиумската организација за Југоисточна Европа (англ. South East Europe Media Organisation, SEEMO) била основана од претставници на 23 медиумски организации од девет земји од југоисточна Европа на 14-15 октомври 2000. година. Генерален секретар Оливер Вујовиќ.

Медиумска организација за Југоисточна Европа
Лого на СЕЕМО.
КратенкаСЕЕМО
Основана14 октомври 2000.
Видневладина
Целразвој на медиумите во регионот на ЈИЕ
СедиштеВиена, Австрија
РегионЈугоисточна Европа
Членство23 медиумски компании од 9 земји
Службени јазицианглиски
Генерален секретарОливер Вујовиќ
Матична организацијаМеѓународен институт за медиуми
Мреж. местоseemo.org

Организацијата е регионална, невладина, непрофитна мрежа на уредници, директори на медиуми и угледни новинари од списанија, радио и ТВ станици, новински агенции и нови медиуми од југоисточна Европа. Преку своите комитети СЕЕМО настојува да воспостави мост помеѓу активностите на медиумите во светот и развојот на медиумите во регионот.

Една од главните активности на СЕЕМО е заштита на слободата на печатот преку поддршка на новинарите и медиумите. Преку 60% од протестните реакции на СЕЕМО до владите и други власти, имале позитивни резултати. Секој протест на СЕЕМО се доставува и до водечките регионални и меѓународни медиуми, националните и меѓународните владини и невладини организации, политичари и јавни личности и установи.