Отвори го главното мени

Мегамајнд (англиски: Megamind) е американски анимиран филм од 2010 година, во режија на Том Мекграт. Гласовите на главните ликови во филмот ги позајмуваат: Бред Пит, Бен Стилер, Вил Ферел, Џона Хил, Тина Феј, Џ. К. Симонс итн.

СодржинаУреди

Уште како мало дете, Мегамајнд (гласот на Ферел) е испратен на Земјата од друга планета. Тој е неверојатно интелигентен, но грд и поради тоа, никој не сака со него да си игра во училиштето, за разлика од Метромен, кој е омилен кај сите. Поради лошиот однос на луѓето, Мегамајнд станува криминалец, а во исто време, Метромен (гласот на Пит) е херој кој го спасува градот од злосторниците. Меѓу нив започнува долга борба. Мегамајнд сака да загосподари со Метроград, но секогаш доживува катастрофа, благодарение на Метромен. Еднаш, сосема случајно, Мегамајнд успева да го убие Метромен и така станува господар на градот. Меѓутоа, лишен од својот долгогодишен противник, тој нема повеќе инспирација и желба за делување, па затоа решава да создаде нов противник - Тајтен (гласот на Хил). Меѓутоа, Тајтен, наместо да го заштитува градот, сака да стане негов господар. така, Мегамајнд за првпат прави добро дело, така што го победува лошиот Тајтен. Истовремено, се открива дека Матромен не е мртов, туку дека и тој се повлекол од сцената, зашто му здодеало постојано да го слават како спасител на Метроград.[1]

НаводиУреди

  1. Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 14.